Dobračina 27 - Beograd
Dobračina 27 - Beograd
Upozoravamo javnost da postoje pokušaji zloupotrebe…
imena SVETOG VIDA lažnim predstavljanjem od strane drugih ustanova…
Adresa SVETOG VIDA je isključivo Dobračina 27 u Beogradu!

Аблација на мрежницата

Улогата и положбата на рожницата лесно може да се разберат ако рожницата ја споредиме со филм во фотоапарат. Ако е „оштетен“ филмот, квалитетот на сликата нема да биде добар, без разлика на тоа колку е совршена оптиката на фотоапаратот (во преносна смисла составена од рожница, предна комора, зеница-бленда, леќа и стаклесто тело).

Зракот светлина (сигнал) минува низ тие елементи на својот пат до рецепторите на мрежницата. Мрежницата е дел од „нервниот систем“ на окото и се состои од фантастични мрежи на нервните клетки – фоторецептори кои собираат визуелни информации и ги праќаат во „центарот за обработка“ во тилниот дел на мозокот. Сите тие сегменти се важни за добриот квалитет на сликата и за нејзиното препознавање.

До аблација на мрежницата доаѓа кога неутралниот дел на мрежницата, кој се состои од фоторецептори, ќе се одвои од својата подлога- ретиналниот пигментен епител и кога течноста од стаклестото тело ќе почне да се собира под мрежницата. Ретиналниот пигментен епител има важна метаболичка и заштитна улога. Спрема тоа, во случај на одвојување на мрежницата, фоторецепторите изумираат, а тоа доведува до губење на видот. Тоа е АКУТНА состојба и бара ИТНА хируршка интервенција.

Симптомите на пациентите кои и претходат на аблацијата на мрежницата обично се ненадејни спонтани појави „блесоци“ или „молњи“. Тие се јавуваат затоа што дошло до силно повлекување на стаклестото тело, или поради создавањето на еден или на повеќе дефекти- пукање на мрежницата, така наречени „руптури“ кои што му претходат на одвојувањето. Доколку пациентот му се обрати на офталмологот, веднаш по приметувањето на првите знаци, руптурите како потенцијална причина за возможна аблација на мрежницата можат да се откријат, и како превенција може да се изведе оивичување со ласер.

Meѓутоа ако мрежницата веќе се одвоила, оивичувањето со ласер не може повеќе да помогне. Хирургијата е единствен начин мрежницата повторно да се спои со својата подлога и да се сочува видната оштрина. Како знак за аблација на мрежницата пациентот може да примети помала или поголема „завеса“ или „сенка“ во видното поле, најчесто во неговиот долен дел, затоа што руптурата на мрежницата обично се развива во горниот дел од мрежницата кој што се проектира во обратна слика. Одреден број од пациентите не посветуваат внимание на првите симптоми и мислат дека тие нема долго да трајат, посебно кога видот на другото око е сосема сочуван.

Meѓутоа, ако аблација на мрежницата се создаде на подоброто око, пациентот набрзо сериозно ги разбира промените и бара помош. Аблацијата обично брзо напредува и ако се зафати и жолтата дамка, без операција видот се губи и се сведува само на препознавање на светла. Макулата (жолтата дамка) е најчувствителното место. Таа многу брзо функционално пропаѓа, и покрај тоа што е многу мала, само 5 mm2, многу е важна за видната функција, затоа што има најголема концентрација на фоторецесори. Значи, кога ќе се одвои жолтата дамка, престанува нејзината исхрана и клетките изумираат.

Целосната видна оштрина може да се сочува само ако не дошло до одвојување на жолтата дамка. Поради таа причина, веднаш штом ќе се појават првите знаци на болеста („завеси“), мора да се изведе ИТНА ХИРУРШКА ИНТЕРВЕНЦИЈА, и тоа во рок од 24 часа, доколку е тоа возможно. Пред операцијата пациентот мора да лежи на грб за да се одложи или спречи одвојувањето на жолтата дамка. Доколку жолтата дамка е веќе одвоена, интервенцијата може да се изведе во рок од 3-7 дена. Меѓутоа, ако се одложи интервенцијата на некое време, доаѓа до иреверзибилни промени на мрежницата, и посебно, на жолтата дамка. Опоравувањето на видната функција нема да биде целосно доколку хируршката интервенција долго се одлага, без разлика на техничкиот успех на операцијата.

Спрема механизмите на создавање на аблација на мрежницата, најчеста е аблацијата создадена поради пукање на мрежницата- руптура, така наречена регматогена аблација на мрежницата. До руптура може да дојде за време на процесот на одвојувањето на стаклестиот дел, во случај на многу јака адхезивна моќ помеѓу мрежницата и стаклестото тело, поради што доаѓа до кинење на мрежницата на местото на значителната залепеност на стаклестото тело и мрежницата. Во таа состојба течноста од стаклестата шуплина лесно може да помине низ пукнатината на мрежницата, да се собира под мрежницата и на тој начин да предизвика одвојување на неуралната мрежница од подлогата која што ја прави реталниот пигмент епител – RPE.

A retinaleválás másik nagy csoportját a trakciós retinaleválás képezi az ideghártyán lévő membránok következtében, leginkább a hosszan tartó, nem megműtött leválás, vagy az ideghártyával összetapadt üvegtest véredényeiben jelenlévő membránok miatt, például, az előrehaladt diabetes esetén. A leválás harmadik csoportjába azok a leválások tartoznak, melyek során a folyadék kiömlik és az ideghártya alatt gyülemlik fel, például szemdaganat, érhártyagyulladás és veleszületett rendellenességek.

Поголем ризик за тоа може да се очекува во некои случаи: кај кратковиди луѓе, во нормалниот процес на стареење на стаклестото тело и со зголемена подвижност на стаклестото телo, како резултат на ненадејни повреди на окото, тапи или перфорирачки, итн. Од друга страна, кај големиот број на очи со руптура на мрежницата никогаш не се развива аблација, затоа што, во отсуство на силна слепеност на стаклестото тело и мрежницата, физиолошките сили во хороидејата и пигментниот епител успеваат да ја заджат мрежницата на место. Пукнатините на мрежницата (дупки, повреди, дијализи) во таквите случаи се откриваат случајно при офталмолошкиот преглед затоа што пациентите немаат типични симптоми.

Втората голема група аблации на мрежницата составена е од тракционите аблации предизвикани со повлекување на мрежницата поради присуство на мембрана на мрежницата, најчесто во случаите на долготрајни, неоперирани аблации, или поради присуство на мембрани со крвните сaдови во стаклестото тело споено со мрежницата, на пр. кај напредниот дијабетес. Во третата група аблации спаѓаат аблации со излeвање на течност под мрежницата, како на пример, кај туморите околу окото, воспаление на хороидејата и вродени аномалии.

ЛЕКУВАЊE

Aблацијата на мрежницата се лекува исклучиво по хируршки пат. Целта на лекувањето е да се затвори руптурата, со предизвикување на зараснување околу пукнатината помеѓу мрежницата и хороидејата. Лекувањето се изведува со криопексија (локално замрзнување на местата со руптура) или ласерска фотокоагулација. За да се постигне тоа, руптурата мора да се довлече близу до хороидејата, било од надворешната страна со склерално закопчување, со силиконски сунѓер и пункција на течностите насобрани под мрежницата, или од внатрешната страна со помош на тампонада со гас. Пред вбризгувањето на гасот, се отстранува стаклестото тело. Оваа интервенција се нарекува ВИТРЕКТОМИЈA и се користи почесто од класичната операција со склерално закопчување и со пункција. На тој начин, со отстранувањето на стаклестото тело, можностите за образување на нови руптури и повторни аблации се помали, а должината на окото не се менува, што не е случај кај процедурите со склерално закопчување . витректомијата се користи како главен хируршки пристап кај аблациите на мрежницата создадени поради присуство на мембрани на мрежницата, кај пациентите со дијабетес и кај долготрајните аблации.

За време на операцијата тие структури целосно се отстрануваат со што се овозможува трајно припојување на мрежницата. Во тие комплицирани случаи, силиконското масло може да се користи наместо тампонадата со гас. Неговата предност во однос на гасот е опоравувањето на видот готово веднаш по операцијата. Спрема тоа, тоа секогаш се користи кога станува збор за последно око, но бара дополнителна интервенција, односно вадење на силиконското масло, околу два-три месеца по првата операција. Се користи кај оштетените очи. Кај многу комплицираните аблации на мрежницата, како што е повреда или долготрајна аблација, дури и по неизедначената, брилијантна претходна хируршка интервенција, се очекува формирање на нови мембрани како нормален процес на зараснување. Во таквите случаи неопходна е уште една или повеќе дополнителни операции.

РЕЗИМЕ

Важно е да се препознаат знаците за развој на руптура на мрежницата и да се употреби ласерска фотокоагулација за да се СПРЕЧИ aблацијатa. Доколку е веќе присутна аблацијата, трајното губење на видната острина мора да се спречи со ИТНА хируршка интервенција во рок од 24 часа, во центрите во кои што се врши таквата хирургија, пред да се одвои и жолтата дамка. Доколку не се направи тоа, неопходно е да се спречи понатамошната загуба на видот и развојот на другите, сериозни форми на аблација со РАНА интервенција во рок од најмногу 7 дена.

Колку е подолг периодот од појавата на првите симптоми до операцијата, толку е послаб функционалниот резултат без разлика на целосното анатомско повторно припојување на мрежницата. Нелекуваната аблација доведува до дефинитивно слепило во рок од една година.

Во Специјалната болница СВЕТИ ВИД се негува висококвалитетната современа витреоретинална хирургија со искусен тим на експерти во таа област. Тука започна новата, современа витреоретинална хирургија, сосема нов пристап, со мал рез од 1,3 и 1,2 mm, без шавови, личи на мал рез во предниот сегмент на окото кај операцијата на катаракта. Покрај совршената визуализација за време на операцијата возможно е да се дојде до самата периферија на очното дно, а тоа обезбедува совршени услови за многу прецизен и нежен хируршки пристап кој се завршува со целосно повторно припојување на мрежницата и опоравувањето на видот.

Хирургијата на макула oвде е на многу високо ниво и и се посветува огромно внимание. Само неколку центри во светот развиле така префинети техники во лекувањето на проблемот на макулата, посебно пукнатините на макулата и мембраната во тој предел (набори) кои ја повлекуваат макулата и ја менуваат нејзината структура предизвикувајќи како последица искривен вид. Од огромна помош во дијагностиката денес, нормално е, оптичката кохерентна томографија (OCT) со можност да се види внатрешноста на самите детали, готово хистолошки, во структурата на макулата и слој од влакната на очниот нерв. Границите на операбилноста се поместуваат кон највисокиот потенцијал, со прецизност на хируршките техники и исклучителната, врвно опремена болница со апарати од најновата и најнапредната технологија.

VIDEO PRILOZI
  • ЛИЧНА КАРТА  На Специјалната Болница СВЕТИ ВИД

    ЛИЧНА КАРТА На Специјалната
    Болница СВЕТИ ВИД

    Болницата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр.27, во близина на Плоштадот на Републиката и Народниот театар.
    +381 (11) 328 37 37
    +381 (11) 328 33 87

    ЗА БОЛНИЦАТА...+

  • Милано 2013. год.

    Hаграда во светот за операција на бинокуларна катаракта

    НАГРАДИ...+

  • ПРВА НАГРАДА ВО СВЕТОТ НА
    БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД

    на хирургијата и придонес за развој на современата офталмологија

    НАГРАДИ...+

  • Приказни на пациентите

    Приказни на пациентите

    Најважното нешто во работата која ја работиме се нашите задоволни пациенти. Oва се само некои приказни од многуте документи за судбинскиот пресврт во животот на овие луѓе кој им го донесе Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

    Видео...+

  • Детска офталмологија

    Детска офталмологија

    Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка.

    Детска офталмологија...+