Dobračina 27 - Beograd
Upozoravamo javnost da postoje pokušaji zloupotrebe…
imena SVETOG VIDA lažnim predstavljanjem od strane drugih ustanova…
Adresa SVETOG VIDA je isključivo Dobračina 27 u Beogradu!

Глауком

Воопштено говорејќи, ГЛАУКОМОТ претставува разновидна група на очни заболувања со оштетен очен нерв и со губење на видот. Доколку не се лекува, крајниот резултат е слепило. Заболувањето е МУЛТИФАКТОРИЈАЛНА оптичка невропатија со карактеристична стекната загуба на влакната од очниот нерв. Има широк дијапазон на изразени фактори на ризик, со зголемен очен притисок на прво место.

Глаукомот најчесто е хронично заболување, настапува латентно, без јасни симптоми и пациентите тешко го препознаваат на време. Во нашата земја тоа подмолно заболување се уште остава алармантен број на слепи луѓе на различна возраст.

Во оваа земја, таквите пациенти често пати остануваат без помош поради големиот страв од старите, агресивни, неуспешни хируршки методи кои што се овде воглавно присутни.

Kрајно време е да се стори нешто! Современата офталмологија ја свати и ја демистификуваше таа појава и понуди ОФИЦИЈАЛНИ ставови за раното откривање и лекување на глаукомот, заболување кое води во мрак – слепило, доколку не се препознае на време. Во најраниот стадиум на заболувањето доаѓа до промени на ниво на ганглиските клетки на мрежницата, пред појава на симптомите, и тоа може да потрае некое време пред заболувањето да продолжи прогресивно да се развива. Teрапијата почнува веднаш, по откривањето на тие суптилни промени. Изборот на адекватната хируршка метода или на комбинацијата од методи за секој пациент посебно, е многу важен предуслов и најделикатен момент во борбата против ова зло.

Скапите долгогодишни студии резултираа со можноста ова заболување „да се држи под контрола“ со моќни лекарства во вид на капки за очи. Меѓутоа, запрепастува беспомошноста коректно да се толкуваат „нормалните и високи“ вредности на интракуларниот притисок (IOP) како еден од најголемите ризични фактори за глауком.

За окото кое што е евидентно оштетено, „нормалниот, посакуван“ очен притисок секако мора да биде понизок од стандардните нормални нивоа за здрави очи.

Како и другите водечки центри за глауком во ЕВРОПА, Специјалната болница СВЕТИ ВИД веќе со години наназад се занимава со овој проблем во согласност со современите нови стандарди и ставови. Во соработка со истакнатите имиња од европската офталмологија се негуваат нови, поусовршени хируршки пристапи, a помеѓу нив и непенетрантната длабока склеректомија со импланти во вид на гел. Спрема тоа, надминати се ризиците од застарените, агресивни, неприлагодени хируршки техники.

Неверувањето, е првата реакција на пациентот кога ќе се соочи со дијагнозата глауком. Без разлика на тоа што вредностите IOP се дупло поголеми од нормалните, зголемениот очен притисок, како најчестата манифестација на глаукомот, не предизвикува болка. Во периферното видно поле се создаваат специфични дефекти, додека централниот вид долго време останува сочуван, така да пациентот не ги препознава првите симптоми. Кога ќе се појават болката и евидентните дефекти во видното поле, оштетувањето е иреверзибилно, со веќе уништен одреден дел на очниот нерв. Целта на терапијата е да го задржи заболувањето во тој стадиум и да го држи под контрола очниот притисок.

Moраме да го демистифицираме проблемот и да му помогнеме на пациентот да ја разбере својата болест, затоа што само на тој начин ќе ја прифати неопходноста од раното лекување. Ова заболување е доживотно, но неодложната и адекватна терапија може да му овозможи на пациентот да живее со заболувањето кое што е под контрола (како кај контролираниот крвен притисок).

Се смета дека покачениот IOP е најчест фактор за ризик, но не е и единствен. Старото сфаќање дека глаукомот претставува зголемени вредности на самиот очен притисок со оштетувања на очниот нерв и типични глаукоматозни дефекти во видното поле е нецелосно и денес е променето. Покачениот IOP секако ќе ја забрза појавата на глаукоматозните оштетувања, но помеѓу глаукомот и високиот очен притисок не може да се стави знакот за еднаквост. Во некои случаи приметени се многу фини промени на папилата на очниот нерв во состојби на „релативнo“ нормален или дури и низок IOP.

Toа е така наречен глауком на нормален или низок притисок. Вредностите на IOP помеѓу 9-21 mm Hg се земаат како нормални. Меѓутоа, околу 25 % од луѓето со „релативно нормален“ IOP имаат одредени глаукоматозни промени.

Toа значи дека проценката на вредностите на IOP не смее да се врши одвоено, туку мора да биде поврзана со сериозна евалуација на многу други фактори на ризик и присуство на предиспозиција за заболувањето. Доколку дискот на очниот нерв е веќе оштетен, или ако постои дефект во видното поле, со позитивна семејна историја, вредноста на IOP треба да одржува да биде пониска од вообичаената, односно треба да се спушти до онаа вредност која што нема да доведе до понатамошни оштетувања. Како кај коронарните болести, кога настојуваме да ги спуштиме вредноста на крвниот притисок и нивото на липидите во серумот на вредноста да бидат пониски од колку кај здравите луѓе, без фактор на ризик.

Што се однесува до вредноста на IOP, дури и кога таа изнесува, на пример, 22 mmHg, треба да се соменва на глауком, се додека не се потврдат другите промени или додека не се исклучи ризикот.

Разликата во очниот притисок во двете очи, како и големите дневни осцилации на IOP и асиметријата во изгледот на папилите во едното и во другото око, претставуваат аларм за комплетен преглед со примена на компјутеризирано видно поле и за неодложна терапија доколку се потврди дијагнозата.

Покачениот очен притисок („тврдо око“) се создава поради пореметувањето на рамнотежата помеѓу продукцијата и истекувањето на очната водичка – или е преголема продукцијата, или е отежнато истекувањето на очната водичка. Секоја поголема категорија на патологија застапена е во некоја форма на глауком. Ако е „нормална“ анатомијата на окото, со нормален изглед на аголот на предната комора на окото и нормална длабочина на предната комора на окото, станува збор за така наречан глауком на отворен агол. Доколку постојат извесни промени во структурата на предната очна комора, вродени или стекнати, станува збор за глауком со тесен или затворен агол. Kај некои предиспозиции во процесот на стареењето, аголот на предната комора станува тесен и тоа претставува ризик од акутен напад на глауком, посебно кај проширените зеници (во мрак или со мидријатикум!). Токму поради тоа, пред ширењето на зениците, од исклучителна важност е првин да се испита коморниот агол!!!

Високата далековидост со плитка предна комора исто така е предиспозиција за глауком.

Глаукомот како секундарна појава („последичнa“) се развива во воспалителните процеси во окото (увеитис), посттравматските, поради атхезиите во коморниот агол. Тој може да биде и компликација „созревање“ на катаракта, кога отечената леќа го турка напред ирисот и ги стеснува предната комора и коморниот агол, или ја прекинува комуникацијата на флуидите од задниот во предниот дел блокирајќи го пределот на зеницата. Поради долготрајното чекање да се оперира зрелата катаракта постои опасност да дојде до распаѓање на леќата, со воспалителна реакција – увеитис како компликација, или до затворање на коморниот агол и акутниот напад на глауком.

Tоа се опасности од застареното сфаќање дека треба „да се почека катарактата да созрее за да може да се оперира“ кое што е напуштено во седумдесетите години од XX век. Meрката за превенција е рана операција на катарактата- факоемулзификација (операција со ултразвук).

Раните промени кај глаукомот се развиваат на ниво на ганглиски клетки во мрежницата, пред јасниот клинички знак за пореметување. Исхраната на ткивата е значително нарушена поради перфузионите пореметувања во многу деликатното, чувствивтелно ткиво на ганглиски клетки и очниот нерв (aксон). Неговата чувствителност е поголема кај покачениот IOP или кај дневните осцилации во IOP за повеќе од 6 mm Hg. Перфузионите пореметувања во општите заболувања како што се стеснување на каротидните артерии, нискиот крвен притисок, дијабетес мелитус, секако имаат големо влијание на промените во аксонимот на очниот нерв, како и локалната предиспозиција, како што е високата кратковидост.

Oвие фактори на ризик може да го влошат оштетувањето, но тоа не значи дека глаукомот ќе се развие кај секое лице кое има некои циркулаторни пореметувања.

Генетиката ја одредува чувствителноста на тие деликатни ткива на изложеноста на факторите на ризик.

Заболувањето може да се појави во раното детство, како единствено заболување или во комбинација со некое друго вродено пореметување, како што е катаракта или аниридија. По откривањето на вродената катаракта, важно е да се побараат глаукоматозните појави, па дури и ако не се изразени во исто време, треба де се знае за можноста да се појават подоцна.

Целта на терапијата е да се заштити очниот нерв и очниот притисок да се одржува на одговарачката вредност. Првиот чекор е употреба на капки за очи, но во случај на заканувачки напад на глауком, кај глаукомот со затворен агол, се применува ласер. Доколку максималната терапија не го стопира напредувањето на глаукоматозните промени на дискот на очниот нерв и во видното поле, неопходна е хируршка интервенција.

Губење на време или донесување на погрешни одлуки не може да го спасат очниот нерв. Хирургијата на слепото око е етички проблем затоа што е бесмислена. Лекарите кои што не се запознаени со овој проблем, пациентите треба веднаш да ги упатат на правото место. Некритичната проценка на вредностите на очниот притисок и непрепознавањето на првите знаци на пореметувањето доведуваат до катастрофален резултат. Максималната терапија ги подразбира сите средства кои се на располагање за контрола на болеста со медикаменти, имајќи ја во предвид старосната возраст на пациентот. Kај помладите пациенти (30-40 години) со очигледно влошување по двете различни лекарства, сериозно треба да се размислува за хирургија. На тие луѓе им претстои долгогодишна борба против глаукомот, а примената на тие лекови во текот на многуте години секако не е наивна. Иако се моќни, тие лекови имаат и несакани дејства, а во некои случаи и контраиндикации. По повеќегодишното користење на капките, ткивото ги губи карактеристиките на својата „биологија“, а тоа ги намалува ефектите на касно изведената хирургија.

Цел на хируршката процедура е да обезбеди рамнотежа помеѓу продукцијата и истекувањето на очната водичка. Донесувањето на одлуката за тоа кога треба да се изведе операцијата и која метода или комбинација на методи треба да се употреби зависи од многубројните фактори: видот на глаукомот, траењето на болеста, степенот на оштетувањето, вредностите на IOP. Tие фактори ја одредуваат вредноста на посакуваното ниво на IOP и, нормално, видот на хируршкиот зафат.

Ако се земе во предвид деликатноста на ова пореметување, одлуката за хируршкиот зафат треба да ја донесат врвни експерти кои се запознати со сите поединости, како и со сите предности и недостатоци на расополживите хируршки опции, и кои во целост владеат со тие хируршки техники.

Некритичната, упорна примена секогаш на истата, агресивна и неприлагодена хируршка техника секако придонесува за пораст на слепата популација во Србија. Таа хирургија на „oтпечаток“ е катастрофална за пациентите, и во современата офталмологија, е неприменлива.

Основната дијагностика, комплетната евалуација на болеста, адекватната проценка на вредностите на IOP, разбирањето на раните типични промени во изгледот на папилите, изборот за вистинското време за почеток на лекувањето, се од исклучителна корист за доброто водење на болеста, доколку се сфатат сериозно.

Со подобра организација и размислување, oва не би требало да биде нерешлив проблем на ниво на примарната и секундарна здравствена заштита, а во исто време ќе има и огромно значење во борбата против слепилото кое што го предизвикува глаукомот.

Ние воведовме такви ставови и современ пристап во лекувањето на глаукомот во Србија и формиравме Центар за глауком, на чие чело е европскиот експерт, Проф С. Питрова. Ова заболување успешно се држи под контрола благодарејќи им на денешните опции на лекување и на хируршките процедури.

Непознати изрази:

IOP – интраокуларен притисок

PNO, папила на очниот нерв, диск на очниот нерв – глава на очниот нерв

Перфузија – снабдување на ткивото со крв

VIDEO PRILOZI
  • ЛИЧНА КАРТА  На Специјалната Болница СВЕТИ ВИД

    ЛИЧНА КАРТА На Специјалната
    Болница СВЕТИ ВИД

    Болницата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр.27, во близина на Плоштадот на Републиката и Народниот театар.
    +381 (11) 328 37 37
    +381 (11) 328 33 87

    ЗА БОЛНИЦАТА...+

  • Милано 2013. год.

    Hаграда во светот за операција на бинокуларна катаракта

    НАГРАДИ...+

  • ПРВА НАГРАДА ВО СВЕТОТ НА
    БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД

    на хирургијата и придонес за развој на современата офталмологија

    НАГРАДИ...+

  • Приказни на пациентите

    Приказни на пациентите

    Најважното нешто во работата која ја работиме се нашите задоволни пациенти. Oва се само некои приказни од многуте документи за судбинскиот пресврт во животот на овие луѓе кој им го донесе Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

    Видео...+

  • Детска офталмологија

    Детска офталмологија

    Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка.

    Детска офталмологија...+