Dobračina 27 - Beograd
Obavešteni smo da postoje pokušaji lažnog predstavljanja…
…imenom SVETOG VID-a u različitim krajevima balkana…
…i ovim putem želimo da ukažemo na ovu zloupotrebu našeg imena.
Upozoravamo posetioce sajta da je adresa Specijalne bolnice SVETI VID
…isključivo Dobračina 27 u Beogradu i jedina lokacija na kojoj naši lekari rade…
…sve ostale informacije o gostovanjima naših lekara van Beograda su NETAČNE.
Youtube Youtube Twitter Google +

Детска офталмологија

Вродената катаракта

Вродената катаракта предизвикува депривација на видот која резултира со сериозна слабовидост.

Раното откривање на катарактата која ја зафаќа централната видна осовина во детското око може да го сочувa видот. Доколку не се оперира на време, тоа пореметување има голем потенцијал за развој на слабовидоста, посебно ако е присатен само на едното око и тоа во критичната возраст за развој на видот. Промената на рефракцијата со лекување на слабовидост претставува голем предизвик за рехабилитацијата на видот по педијатриската хирургија на катаракта. Денес, кога подобро се разбира развојот на детското око и кога постојат одговарачки интраокуларни леќи, секоја специфична примена за интраокуларни леќи и усовршени педијатриски хируршки третмани стана востановен модел за лекување на катарактата кај децата.

Рехабилитацијата на видот е многу подобра кај имплантацијата на псеудофакните интраокуларни леќи отколку кај конвенционалните афакни корекции (очила или контактни леќи).

Aко катарактата не е густа и ако видната осовина е слободна, опасноста од сериозната слбовидост е помала и операцијата може да се планира за подоцнежниот период.

Mултифокалните импланти доаѓаат во предвид кај деца постари од 6 години, доколку е сочувана задоволителната острина на видот, со цел да се „врати“ изгубената акомодација, што значи компензација за вид на близина, на далечина и на средна оддалеченост.

Тоа ќе му даде само шанса за развој на видот, но силен третман на слабовидост се препорачува по хирургијата поради целосна рехабилитација на видот.

Вродениот глауком

Вродениот глауком е сериозно заболување на окото кое понекогаш се открива при раѓањето, а понекогаш неколку години подоцна…

Неопходно е неодложно лекување со медикаменти и/или хируршко лекување.

Се смета дека вродениот глауком се јавува здружен со други пореметувања на окото (аномалии на ирисот, вродена катаракта итн…)

Страбизмот

Страбизмот сe дефинира како девијација на видните осовини и има преваленција која се движи од 3 до 8 проценти од детската популација. Таа состојба често пати ја препознаваат самите родители. Паралелната положба на очите претставува значителен фактор за нормална видна функција. Во возрасната група до три години, интервалот помеѓу почетокот на страбизмот и лекувањето претставува клучен фактор за утврдување на прогнозата. Колку порано ќе се изведе операцијата, толку ќе биде подобра прогнозата за квалитетот на бинокуларниот вид…

Некои девијации се лекуваат со адекватна корекција на рефрактивните грешки (акомодативен страбизам). Во тие случаи ласерската рефрактивна хирургија е индицирана за неподнесување на контактни леќи или очила.

Со обзир на оваа тема, страбизмот може да се класифицира во подгрупи на повеќе начини од кои најосновниот начин го одразува правецот на девијацијата: хоризонтален (eзo-конвергентен егзо-дивергентен), вертикален или торзионен. Потоа, конкомитантен (во сите полиња на погледот на окото аголот на девијацијата е ист) и инкомитантен (аголот на девијацијата варира во полињата на погледот на окото), обично се здружени со паралитичките, рестриктивните или специјалните синдроми (Даунов и Моебиусов синдром).

Рефрактивната хирургија кај деца

Разбирање на потребите

Рефрактивната педијатриска хирургија се смета за одговарачка кај децата со сериозна анизометропија во состојба на кратковидост, далековидост или астигматизам (голема разлика во диоптријата на двете очи) или со взаемна висока аметропија ( висока рефрактивна грешка) која што е отпорна или слабо пропустлива при примена на конвенционалната терапија на носење на очила или контактни леќи и конвенционалното лекување на слабовидоста.

Целта на рефрактивните постапки кај децата не е тие да се ослободат од зависноста од очила или од контактни леќи, како што е случај кај постарите пациенти, кај кои што процесот на видот е завршен.

Денес постои шанса кај таквите деца да се намали анизометропијата или да се достигне изометропија, како и во целост да се корегира високата рефрактивна грешка, многу подобро оди со стандардно/конвенционално лекување, и така да се развие што подобра видна функција, подобар квалитет на видната острина и бинокуларен – стерео вид, при што се олеснува третманот на слабовидост со затворање на подоброто око.

ЗОШТО Е ТОА ВАЖНО?

Во возраста критична за развој на видот (до четвртата и осмата година на животот), целосната корекција на рефрактивната грешка е задолжителна, но нормално во некои случаи, покрај сите напори, тоа е невозможно да се постигне. Нетолеранцијата може да биде предизвикана со физиолошки неприлагодени очила, анизеиконија и изовергенција (различна големина и форма на фиксираниот објект). Koнтактните леќи не се адекватни во раната возраст.

Децата со посебни потреби и нивните родители се соочуваат со уште една стигма која доведува до психосоцијален проблем. Повеќето такви деца имаат екстремни рефрактивни грешки во едното или во двете очи, заедно со некои други очни проблеми (албинизам, разни форми на нистагмус, ретинопатија на предвремено родените деца…) или други медицински пореметувања (aутизам, Даунов синдром, церебрална парализа и други невромускуларни пореметувања).

Без рефрактивната хирургија тие деца остануваат функционално слепи, што значи дека имаат многу слаба, ограничена функција на видот затоа што стандардниот оптички третман не им помага.

Високата рефрактивна грешка во едното или во двете очи, со значителна разлика помеѓу очите (aнизометропија), има голем потенцијал за развој на слабовидоста. „Подоброто“ oкo (со помала грешка) пренесува подобра и поостра слика која ја прифаќа окципиталниот центар за вид во мозокот, подобро од другото око (со поголема диоптрија) кому му е потребна поголема корекција, но сепак нема ист квалитет на сликата во споредба со доминантното око. Причината за тоа е различната големина и форма кога се гледа преку очила. Лекувањето на слабовидоста бара оклузија на „послабото“ око, а детето тоа тешко го прифаќа. Kај носењето на очила се постига компромис со воспоставување на извесна „рамнотежа“ помеѓу очите и со корекција на поголема диоптрија, но тоа не е ефикасен начин за намалување на слабовидоста.

За некои рефрактивната хирургија претставува единствен излез од функционалното слепило, а за други тоа е ефикасен начин да се засили лекувањето на слабовидоста.

До сега, педијатриската хирургија со примена на егзајмер ласерот има долг период на дополнително следење и многу публикации и студии објавени на оваа тема кои покажуваат дека тоа е ефикасна, предвидлива, безбедна и стабилна техника за корекција на горе наведените рефрактивни грешки со голем амблиоген потенцијал.

Toа е начин да се постигне изометропија и подобар квалитет на видот и животот во идните години.

Oстанатите решенија со кои може да се постигне таа цел, кога ласерот не е индициран и кога конвенционалното лекување е бескорисно, се другите рефрактивни процедури, хирургија со имплантација на леќи, што подразбира имплантација на факната интраокуларна леќа, и екстракција на бистрата леќа со имплантација на PC IOL. Целта на имплантација на факната интраокуларна леќа е да се корегира високата рефрактивна грешка со зачувување на биолошката, кристална леќа, како и со зачувување на акомодацијата. Таа процедура индицирана е за високи рефрактивни грешки надвор од опсегот од 6 D и -13 D, дури и кај помали D вредности кога тенките рожници не се адекватни за ласерска корекција, а со одговарачка длабочина на предната комора од 3,2 mm. Kај децата овие процедури се изведуваат во општа анестезија.

Eгзајмер ласерот и рефрактивната хирургија во болницата СВЕТИ ВИД

Рефрактивната ласерска педијатриска хирургија во болницата СВЕТИ ВИД е строго насочена кон медицинските индикации: состојби на сериозна анизометропија или взаемна висока аметропија (кратковидост, далекувидост или астигматизам), со висок амблиоген потенцијал кај децата кај кои не може да се постигне успех со конвенционалната терапија со очила или контактни леќи, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби.

Се изведуваат напредни методи на површински аблации (PRK и LASEK), во опсег од -13 D дo 6 D, со одговарачка дебелина на рожницата. Методата LASIK е забранета за примена кај деца.

Тие процедури се изведуваат на егзајмер ласерот „Schwind Amaris“, со одговарачки рутински предоперативен преглед, циклоплегична рефракција, ултразвучно мерење на дебелината на рожницата, корнеална топографија, и корнеално и предниот дел на бранот.

Повеќето процедури се изведуваат со општа анестезија, во адекватно хируршко опкружување, со тим кој има повеќе децениско искуство во секој вид на очна хирургија кај децата.

Рефрактивните хируршки процедури кај децата во болницата СВЕТИ ВИД ги извршува Проф.Др. Рудолф Аутрата. Тој е еден од водечките детски офталмолози во светот, со голем број на признаени публикации и студии во офталмолошките часописи со висок индекс на цитираност. Цел живот и е посветен на детската офталмологија, добил многубројни награди за својот исклучителен труд и придонес во развојот на детската офталмологија, посебно на рефрактивната хирургија кај децата.

Започнал да ја применува рефрактивната хирургија кај децата кон почетокот на деведесетите години на XX век, во Детската болница на Масариковиот универзитет во Брн, и постигнал највисоки домети во оваа педијатриска област. Како автор, многу е цитиран.

Денес рефрактивната хирургија кај децата е многу добро прифатена во строгите медицински индикации и се изведува на неколку квалификувани светски универзитетски детски клиники, подразбирајќи врвна хирургија, високо ниво на искуства и долгогодишно изведување.

Од тие места, како и од работата на проф. Аутрат, потекна многу позитивното прифаќање на тие процедури како регуларни процедури со стабилни, предвидливи и безбедни разултати кои се објавени во новите студии (САД, Хјустон, Вашингтон, Њујорк, Калгари-Канада, Аликанте-Шпанија, ВБ, Италија итн).

Meѓу нив сега се наоѓа и Специјалната болница СВЕТИ ВИД, во Белград, во Србија, со висок квалитет на детската офталмологија и рефрактивната хирургија кај децата, со професорот Аутрат кој е сега член на тимот и кој овде во болницата СВЕТИ ВИД, создаде уште еден голем центар за очната хирургија кај децата.

Прогресивна високата кратковидост / Склеропластика

До развојот на високата кратковидост воглавно доаѓа поради „неконтролирано“ зголемување на очното јаболко по аксијалната должина. Нормално, кај младите пациенти, формата и кривината на очната леќа го компензира тоа зголемување на очното јаболко. Тој процес се нарекува еметропизација.

Понекогаш тоа не е доволно и зголемувањето на очното јаболко го надминува опсегот на еметропизацијата и резултира со одредени вредности на кратковидост. Ткивото на ѕидот на очната јаболка станува тенок и изгледот на задниот сегмент, мрежницата, добива посебен „миопен“ изглед, ситен и ранлив, со ризик од создавање на аблација на мрежницата.

За да се стопира прогресивниот пораст на аксијалната должина и за да се намали понатамошниот развој на кратковидоста, како и за да се сочува ткивото од ѕидот на очното јаболко од понатамошното истенчување и за да се намали ризикот од создавањето на аблација на мрежницата се препорачува склеропластика како хируршка постапка.

Taа постапка се применува со години наназад.

Се изведува во општа анестезија, сега со специјални биокомпактибилни импланти кои што имаат широка примена и во многу други гранки од медицината (кардиоваскуларни импланти итн). Нема потреба за останување во болница, детето си оди дома истиот ден, неколку часа по операцијата.

Koнтролниот преглед се извршува околу три недели по операцијата, а потоа следи понатамошно следење.

Развојот на високата кратковидост може да биде со различна или непозната етиологија и може да се создаде поради генетска предиспозиција, во псеудофакното око по операцијата на катаракта поради губење на компензаторниот процес на еметропизација на очната леќа, што е добро познато и се зема во предвид при калкулацијата за имплант, имајќи ја во предвид детската возраст, потоа во случај на Даунов синдром, или кај предвремено родените деца каде што дошло до регресија во стадиумот на ретинопатија.

Птоза

ВРОДЕНИ АНОМАЛИИ НА КАПАЦИТЕ, АНОМАЛИИ НА ПРЕДНИОТ СЕГМЕНТ НА ОКОТО, ПТОЗА, ОПСТРУКЦИИ НА НАЗОЛАКРИМАЛНИОТ КАНАЛ ИТН.

Kога ги прекрива видните осовини во возраст до 4 години, птозата претставува закана за развој на нормалната видна функција на тоа око и затоа треба да се корегира. Тоа не е прашање на естетика туку на функција.

Oпструкцијата на назолакрималниот канал кај децата се манифестира со постојано солзење, фотофобија и чести инфекции на окото. Операцијата мора да се изведе со цел да се прекине абнормалниот пат на солзите и да се спречи понатамошната инфекција со имплантирање на специјални дренажни микроцевчиња само привремено на неколку месеци. Кога ќе се постигне комуникацијата повторно, вештачките цевчиња се отстрануваат.

Пореметувања на рожницата

ВРОДЕНИ И СТЕКНАТИ ПОРЕМЕТУВАЊА НА РОЖНИЦАТА

Некои од тие површински промени на рожницата денес можат да се лекуваат со модалитетите на егзајмер ласерот.

PTK пристап наменет за отстранување на површинското „лошо“ eпително ткиво и ја олеснува епителизацијата на рожницата.

PTK – фототерапевтската кератектомија се користи за олеснување на епителното зараснување кај рецидивните епителни ерозии, како би се отстраниле површинските лузни, при што површината на рожницата останува фина и мазна. Во комбинација со PRK (фоторефрактивна кератектомија) може да се реши истовремено и веќе постои рефрактивен проблем.

VIDEO PRILOZI
  • ЛИЧНА КАРТА  На Специјалната Болница СВЕТИ ВИД

    ЛИЧНА КАРТА На Специјалната
    Болница СВЕТИ ВИД

    Болницата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр.27, во близина на Плоштадот на Републиката и Народниот театар.
    +381 (11) 328 37 37
    +381 (11) 328 33 87

    ЗА БОЛНИЦАТА...+

  • Милано 2013. год.

    Hаграда во светот за операција на бинокуларна катаракта

    НАГРАДИ...+

  • ПРВА НАГРАДА ВО СВЕТОТ НА
    БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД

    на хирургијата и придонес за развој на современата офталмологија

    НАГРАДИ...+

  • Приказни на пациентите

    Приказни на пациентите

    Најважното нешто во работата која ја работиме се нашите задоволни пациенти. Oва се само некои приказни од многуте документи за судбинскиот пресврт во животот на овие луѓе кој им го донесе Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

    Видео...+

  • Детска офталмологија

    Детска офталмологија

    Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка.

    Детска офталмологија...+