Dobračina 27 - Beograd
Upozoravamo javnost da postoje pokušaji zloupotrebe…
imena SVETOG VIDA lažnim predstavljanjem od strane drugih ustanova…
Adresa SVETOG VIDA je isključivo Dobračina 27 u Beogradu!
Youtube Youtube Twitter Google +

Дијабетес

Дијабетес и око

Дијабетесот претставува метаболички проблем кој подразбира невозможност или намалување на можноста на клетките да ја искористат гликозата од крвта, додека нивото на гликемија во крвта е високо поради целосниот престанок или намаленото излачување на инсулинот од страна на панкреасот. Тој хормон се лачи во панкреасот и и помага на клетката да ја користи гликозата. Поради недостаток на инсулин, нивото на гликоза во крвта е висок, додека истовремено, клетките не можат да го имаат. Значи имаме ситуација со високо ниво на гликоза во крвта, и истовремено, недостаток во клетките што се нарекува хипергликемија.

Како резултат на тоа во телото доаѓа до мозаични промени: на крвните садови воопшто, во срцето, бубрезите, мозокот, нервното ткиво и окото. Специфичните промени лесно се воочуваат при прегледот на очното дно низ проширената зеница. Често пати, токму офталмологот прв се сомнева на дијабетес, уште пред јасно да се искаже клиничката слика.

Специфичните биохемиски процеси се развиваат во ситуација на зголемено ниво на гликоза во крвта и нејзиниот недостаток во клетките, со големи промени во квалитетот и пропустливоста на ѕидовите на крвните садови. Недостатокот на адекватнa исхрана на ткивото (исхемија) создава поволни услови за продолжение на нефункционалната нова васкуларизација која лесно пука. Воглавно на местото на исхемија се јавуваат така наречени фактори на пораст кои претставуваат стимуланс за развој на тие новонастанати крвни садови. Сето тоа се одразува врз слабеењето на видот на пациентите поради повторното крварење во задниот дел и образувањето на мембрана со ефект на повлекување на мрежницата, што на крајот предизвикува аблација на мрежницата која доведува до слепило, ако не се оперира на време. Со редовна аргон ласер фотокоагулација се одложува тој момент и се одложува операцијата. Тоа е барање пред витреоретинална хирургија, но само витреоретинална хирургија може да го спаси и зачува функционалниот вид.

Витреоретиналната хирургија овде во болицата Свети Вид, е на многу високо ниво, како што е тоа случај со врвните витреоретинални клиники (видете го линкот за аблација на мрежницата).

VIDEO PRILOZI
  • ЛИЧНА КАРТА  На Специјалната Болница СВЕТИ ВИД

    ЛИЧНА КАРТА На Специјалната
    Болница СВЕТИ ВИД

    Болницата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр.27, во близина на Плоштадот на Републиката и Народниот театар.
    +381 (11) 328 37 37
    +381 (11) 328 33 87

    ЗА БОЛНИЦАТА...+

  • Милано 2013. год.

    Hаграда во светот за операција на бинокуларна катаракта

    НАГРАДИ...+

  • ПРВА НАГРАДА ВО СВЕТОТ НА
    БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД

    на хирургијата и придонес за развој на современата офталмологија

    НАГРАДИ...+

  • Приказни на пациентите

    Приказни на пациентите

    Најважното нешто во работата која ја работиме се нашите задоволни пациенти. Oва се само некои приказни од многуте документи за судбинскиот пресврт во животот на овие луѓе кој им го донесе Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

    Видео...+

  • Детска офталмологија

    Детска офталмологија

    Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка.

    Детска офталмологија...+