Dobračina 27 - Beograd
Upozoravamo javnost da postoje pokušaji zloupotrebe…
imena SVETOG VIDA lažnim predstavljanjem od strane drugih ustanova…
Adresa SVETOG VIDA je isključivo Dobračina 27 u Beogradu!
Youtube Youtube Twitter Google +

ЛИДЕРИ ВО СВЕТСКАТА ОФТАЛМОЛОГИЈА ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ

ЗА БОЛНИЦАТА

Болнцата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр. 27, во близина на Плоштадот на републиката и Народниот театар. Опфаќа простор од 800 m2 со неколку ординации и чекални, бројни дијагностички кабинети за основна и пратечка дијагностика, одделение за кардиологија, операционен блок, ласер центар, стационар за удобно сместување на пациентите по општата анестезија, оптичка продавница со модерни очила за сонце и со корективни очила, контактни леќи, единствен центар за слабовидост во овој дел од градот со голем избор на средства за зголемување, како помош за пациентите со оштетена жолта дамка и очен нерв.

Работно време: секој работен ден и во сабота од 8.00 дo 20.00.

ДЕЈНОСТ

Специјалната болница СВЕТИ ВИД основана е 1997. година. Со нејзиното основање започна новата ера на српската офталмологија. Идејата беше да се унапреди српската офталмологија и да се надмине празнината која што со децении наназад владееше во српските офталмолошки кругови. Давајќи можности за нови одговарачки и корисни решенија, а не само хирургија ради хирургија, болницата Свети Вид стана институција и синоним за најквалитетна и најсовремена офталмологија.

Според тоа, за добро лекување не мора да се оди во странство, затоа што современата квалитетна офталмологија стана реалност во срцето на Белград. И тоа од првиот миг на основањето на оваа болница.

Специјалната болница СВЕТИ ВИД ги воведува најновата, висококвалитетна технологија и водечките хируршки и дијагностички методи за решавање на проблемите на окото. На тој начин на српската офталмологија и се наметнуваат нови, современи ставови и норми во лекувањето на очните заболувања, со многу подобри ефекти во поглед на зачувување на видот. Според тоа новите правци за развој на српската офталмологија се поставени. Овде, во малиот дел од Европа, во срцето на Белград, сега постои надеж за реките млади офталмолози да се запознаат со можностите на современата очна хирургија денес, која не е само слика од странски учебник, туку вистинска хирургија, како би го отфрлиле теретот од наследените застарени ставови.

ДИЈАГНОСТИКА

Во неколкуте врвно опремени ординации ќе ве пречека нашиот љубезен персонал и ќе ви го препорача најдоброто решение за вашиот проблем. Сеопфатниот офталмолошки преглед подразбира пристап кон сите структури на окото, и предниот и задниот сегмент, како би се согледал во целост проблемот.

Kaбинети за специфични намени

- Kaбинет за ултразвучна дијагностика – за откривање на промените во подлабоките структури на окото, во стаклестиот дел, мрежницата и орбитата (крварењa, aблација на мрежницата, туморски промени итн.), посебно во состојби на непрозорни предни медиуми како што е катарактата, или крварење во предната комора, што не дозволува увид во задните структури.

- Kaбинет за пахиметрија и компјутеризирана корнеална топографија (oсликување на преден дел на брановите – wave front imaging) – Toа е современ дијагностички пристап за дефинирање на проблемот на рожницата: дефинирање на дебелината на рожницата, рано откривање на керакотонусот или другите дегенеративни пореметувања на рожницата, корнеални и рефрактивни аномалии, како и промени предизвикани со носење на контактни леќи. Таквиот преглед е неопходен пред рефрактивната процедура.

- Kaбинет за рано откривање на глауком – за откривање на првите асимптоматски промени на ниво на слој на нервни влакна -OCT.

- Kaбинет за компјутеризирано видно поле, со посебни тестови за испитување на функцијата на очниот нерв или макулата- жолтата дамка.

- Kaбинет за интравенска ангиографија

– Фундус камера – за снимање на крвните садови на очното дно со контраст кој се применува интравенски. Тоа е неприкосновена процедура за дефинирање на дијабетските промени на очното дно кои треба да се лекуваат со ласерска фотокоагулација, како и промена на макулата (жолтата дамка), пред примената на фотодинамска терапија (FDT). Фундус камерата, исто така, помага и кај снимањето на промената на папилите на очниот нерв како би можеле објективо да се следат и контролираат промените на глаукомот, и како би се вреднувале ефектите од применетата терапија.

- Ласер кабинет: – ласерска фотокоагулација – лекување на дијабетски промени на очното дно, – Yag-ласер капсулотомија (ласерско отворање на фиброзни задебелувања на задната капсула од леќата).

- Ласер иридотомија, за третман на посебни видови на глауком.

- Ласер иридотомија за одредени видови на глауком. Детска офталмологија: склеропластика, операција на страбизам, ласерска рефрактивна хирургија и хирургија со имплантација на леќи во одредени индикации кај децата, проблеми на лакрималниот канал, птоза итн…

OПТИKA

Постои модерна оптика која овозможува исклучително прецизна обработка на најфините корективни стакла. Модерни линии, атрактивни диоптриски рамки и очила за сонце: Vogue, Valentino, Escada, Dior, Roberto Cavalli, Vivien Westwood, Simpsons, Seventeen… Kaбинетот за контактни леќи нуди квалитетни леќи, како и леќи во боја.

ЦЕНТАР ЗА СЛАБОВИДОСТ

Oпремен е со нова генерација на уредби за подобрување на слабиот вид, лупи, телескопски системи, мобилни и за домашна употреба, со различен степен на зголемување, за оние на кои читањето и ориентацијата во просторот им се проблематични поради оштетената макула или очниот нерв. Презентацијата и демонстрацијата, како и подучувањето на луѓето како да го користат остатокот од видот се организираат во Оптиката. Има место и време за поединечен избор на адекватна опција. Тоа е голема помош посебно за децата на училишна возраст со оштетен вид.

ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНА НА ФОТОДИНАМСКА ТЕРАПИЈА! – FDT

ХИРУРГИЈА НА ОКО – ОДДЕЛЕНИЕ ЗА КАРДИОЛОГИЈА

Болницата СВЕТИ ВИД ги менува и осовременува застарените и надминатите ставови кои се длабоко вкоренети во српската офталмологија. Таа воведе современи хируршки методи кои станаа званични во светот на офталмологијата денес, и покрај застарените сфаќања врежани сегде околу Специјалната болница СВЕТИ ВИД. Toа позитивно влијаеше на домашната офталмологија и е од огромно значење за менување на застарените ставови во земјата. Овој придонес во српската офталмологија присутен е во лекувањето на катарактата (факоемулзификација, аквализа) и глаукомот, во рефрактивната хирургија (eгзајмер ласер, многу видови на леќи за вградување вклучувајќи и мултифокални импланти), во витреоретиналната хирургија.

Освен тоа, фотодинамската терапија (FDT) со вертепорфин (Visudyne) за некои форми на хороидната неоваскуларизација посебно влијаела на промената на сфаќањето на макуларните пореметувања. Неверојатни реконструктивни процедури за подобрување на претходното неадекватно лекување во хирургијата на предниот сегмент на окото, како и имплантација на секундарни леќи, хирургија на глауком, хирургија на страбизам итн. претставуваат мал дел од големата програма на болницата СВЕТИ ВИД. Свети Вид e еден од само неколкуте центри во светот во кои се изведува маестралната хирургија на имплантација на „вештачка рожница“ кај пациентите после повреди, кога трансплантацијата не е адекватна поради отфрлањето на ткивото на рожницата (меѓу првите 250 операции во светот). Специјалната болница СВЕТИ ВИД oд самиот почеток на својата работа вложува напори да го едуцира населението, како и лекарите и пациентите, верувајќи дека со промена на ставот може да се спречи развојот на терминалните состојби.

Како резултат на тоа, појавата на непотребно создадено слепило кај српската популација би била намалена.

  • ЛИЧНА КАРТА  На Специјалната Болница СВЕТИ ВИД

    ЛИЧНА КАРТА На Специјалната
    Болница СВЕТИ ВИД

    Болницата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр.27, во близина на Плоштадот на Републиката и Народниот театар.
    +381 (11) 328 37 37
    +381 (11) 328 33 87

    ЗА БОЛНИЦАТА...+

  • Милано 2013. год.

    Hаграда во светот за операција на бинокуларна катаракта

    НАГРАДИ...+

  • ПРВА НАГРАДА ВО СВЕТОТ НА
    БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД

    на хирургијата и придонес за развој на современата офталмологија

    НАГРАДИ...+

  • Приказни на пациентите

    Приказни на пациентите

    Најважното нешто во работата која ја работиме се нашите задоволни пациенти. Oва се само некои приказни од многуте документи за судбинскиот пресврт во животот на овие луѓе кој им го донесе Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

    Видео...+

  • Детска офталмологија

    Детска офталмологија

    Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка.

    Детска офталмологија...+