Dobračina 27 - Beograd
Obavešteni smo da postoje pokušaji lažnog predstavljanja…
…imenom SVETOG VID-a u različitim krajevima balkana…
…i ovim putem želimo da ukažemo na ovu zloupotrebu našeg imena.
Upozoravamo posetioce sajta da je adresa Specijalne bolnice SVETI VID
…isključivo Dobračina 27 u Beogradu i jedina lokacija na kojoj naši lekari rade…
…sve ostale informacije o gostovanjima naših lekara van Beograda su NETAČNE.
Youtube Youtube Twitter Google +

Пореметување на макулата

Пореметување на макулата

Mакуларна дегенерација

Специјалната болница Свети Вид e единствената клиника во регионот со специјализирано одделение за макула, кое се занимава со разни макуларни проблеми: дијагностика, терапевтско лекување (PDT и конвенционално ласерско лекување, хируршко лекување). За да се разбере функцијата на тој специфичен дел од човековото око често пати се прави аналогија со фотоапарат. Светлината минува низ јасните, проѕирни структури на окото (рожница, леќа, стаклесто тело, кои претставуваат оптички медиуми на окото); потоа, светлосниот зрак се прекршува преку оптичките медиуми и паѓа и се фокусира на задниот дел од окото- мрежницата. Mрежницатa делува како филм во фотоапарат, ја апсорбира и трансформира светлината во неурални импулси кои што патуваат до мозокот, каде мозокот ги анализира и создава свест/перцепција за предметот кој што се гледа, тоа го нарекуваме слика на предметот.

Делот од мрежницата специјализиран за централниот вид и за разликување на најситните детали е МАКУЛАТА или жолтата дамка. Таа изобилува со фоторецептори- специјализирани клетки кои примаат визуелен стимуланс и го пренесуваат со нервни елементи. Густиот распоред на рецепторите во макулата ја обезбедува острината на видот, овозможува разликување на детали и препознавање на лица, читање, пишување, разликување на бои…

ДЕГЕНЕРАЦИЈА НА МАКУЛАТА (ДM)

Дегенерацијата на макулата претставува еден од клучните офталмолошки проблеми на современото доба. Се јавува во неколку форми, а најчестата форма е во врска со популацијата на постарите луѓе и се нарекува сенилна макуларна дегенерација /ARMD/. Поретките облици се гледаат кај вродените дегенеративни прогресивни заболувања /јувенилна макуларна дегенерација/ или кај дегенеративната висока кратковидост. Макулата страда и при некои системски или инфективни заболувања.

ФАКТОРИ НА РИЗИК ЗА MД

Ризикот за создавање на сенилната макуларна дегенерација (ARMD) се зголемува со годините на живеење. Помеѓу популацијата од 65 до 75 години старост тој ризик изнесува 10-20%. Во периодот од 75 дo 85 години ризикот изнесува 35%.

Генетската предиспозиција без секој сомнеж, претставува ризичен фактор. Кај децата пациенти со ARMD постои поголем ризик од порано развивање на тоа заболување.

Лицата со посветол тен или оние кои екстремно се изложуваат на светлина, посебно на синиот дел од светлосниот спектар, спаѓаат во таа ризнична група. Поради тоа се советува носење на очила за сонце со заштитен филтер, посебно крај океан или на снег. Останатите ризични фактори се оние фактори кои предизвикуваат развој на атеросклероза: пушење, зголемено ниво на липиди во крвта, недостаток на витамини, како што се витамините Ц, E, A.

Покачениот крвен притисок и кардиоваскуларните пореметувања можат да го забрзаат развојот на промените. Кај пушачите чии блиски роднини имаат дегенерација на макулата ризикот да заболат е два пати поголем од колку кај непушачите.

СИМПТОМИ

Oштетувањето на макулата ќе доведе до пореметување на централниот вид без можност за корегирање на тоа пореметување со корективни леќи и очила, но со зачувување на периферниот вид, така да пациентот не ослепува целосно, туку му се зачувува само периферниот вид. Секој пациент треба да побара помош од офталмолог веднаш по појавувањето на симптомите како што се намалена контрастна чувствителност, намалена видна острина, искривување на визуелните слики, појава на дамки во централното видно поле /централен скотом/.

Иако ги зафаќа двете очи, ова заболување нема подеднакво да влијае на двете очи, па така „подоброто“ око ќе го компензира намалувањето на видот и пациентот нема да може да ги примети почетните промени на висната острина во првиот стадиум од болеста.

Бидејќи кај заболувањата МД не се јавува физичка болка, и затоа што во првиот стадиум од болеста доаѓа само до дискретни промени на видот, таа болест тешко може да се примети бинокуларно и затоа се препорачуваат редовни офталмолошки прегледи, на секои 6 месеци, или само тестирање дома /покривање на едното око и гледање во Амслерова решетка-хартиена шема со квадатчиња осмислена за вакво тестирање/. Забележувањето на неправилност или заматување во центарот на Амслеровата решетка претставува аларм за посета на офталмолог. Понатамошниот развој на макуларната дегенерација значи дека видната острина ќе продолжи да опаѓа се до губењето на способноста за читање.

ПРОМЕНИ НА НИВО НА ТКИВО

Хороидеја е васкуларен слој околу окото кој содржи врзувачко ткиво сместено помеѓу мрежницата и белката. Најдлабокиот слој на хороидејата е Бруховата мембрана или базалната мембрана на ретиналниот пигментен епител.

ФОРМИ НА MAKУЛАРНА ДЕГЕНЕРАЦИЈА

Стареењето подразбира намалување на бројот на рецепторите и на нервните клетки на мрежницата, а пигментниот епител кој што се наоѓа под мрежницата има функција да ги „апсорбира“ и разлага деловите од изумрените клетки. На крајот таа способност се исцрпува и доаѓа до таложење депозити кои ја прават потешка размената на хранливите материи помеѓу хороидејата и мрежницата / сува форма на макуларна дегенерација /.

Oдвојувањето и пропаѓањето на пигментниот слој претставува вовед во посложената форма на макуларна дегенерација /атрофична форма/ која резултира со пропаѓање на видот.

Teлото ќе проба да го „корегира“ тој дефект создавајќи нови крвни садови /хороидна неоваскуларизација или CNV/ a со тоа уште повеќе се нарушува рамнотежата на ткивото. Тоа се карактеристики на „влажната“ форма на макуларна дегенерација. До пропаѓањето на ткивото доаѓа фулминантно и се завршува со лузни со отсаство на функционалното ткиво.

Сувата форма на макуларна дегенерација е почеста од влажната форма /90 проценти од пациентите со МД заболени се од сувата форма/. Секогаш постои можност сувата форма да се претвори во влажна форма на дегенерација која ја карактеризира фудроајантната загуба на видот и затоа многу е важно да се едуцира пациентот самиот да може да си ја проверува видната функција како би можело симптомите да се откријат на време и да се започне со лекување.

CNV се јавува кај 5-10 проценти од популацијата со дегенеративна кратковидост. Поради порастот на очната јаболка, зголемувањето на должината на осовината ќе резултира со тенчење на заштитната обвивка на очното јаболко и формирање на „стафилом“, те. абнормални протрузии на зголемено ткиво преку слабите точки на очното јаболко. Toа е предиспозиција за CNV и можност за создавање на дупки и руптури во долниот слој на мрежницата под пигментниот епител.

Низ тие пукнатини, новите крвни садови со лош квалитет, создадени по пат на CNV, ќе навлезат и ќе го уништат пигментниот и невро-сензорниот апарат на мрежницата доведувајќи до ненадоместливо и неповратно пропаѓање на централниот вид.

Се до појавата на фотодинамската терапија– PDT, не постоела шанса за ефикасно лекување на CNV кај таквите состојби на окото.

Раното препознавање на проблемот и раната примена на терапија ќе го намали ризикот од фудроајантната неповратна загуба на централниот вид.

ДИЈАГНОСТИКА

Златно правило во дијагностиката е флуоресцеинската ангиографија. Со снимањето на очното дно по интравенското вбризгување на контраст /флуоресцеин/ ќе се означи „крвотокот“ на очното дно и ќе се детектираат зоните на дефектот со пропуштање на бојата флуоресцеин низ ѕидот на крвниот сад. На тој начин се диференцираат две подформи на влажната макуларна дегенерација – окултна и класична, чија прогноза се разликува.

TEРАПИJA:

Не постои специфичен третман за сува форма на макуларна дегенерација на пациентите им се советува следново: да користат витамини, гинко додатоци во исхраната, да не пушат, да се заштитат од синиот дел од светлосниот спектар. Може да помогнат помагалата како што се лупи или телескопи. Обуката за работа во телемониторските системи, и мобилните и фиксните, се врши во центарот за слабовидост во болницата СВЕТИ ВИД.

Хируршките импланти од микротелескопот може да помогнат при зголемувањето на буквите околу 3-6 пати повеќе од колку очилата, но секогаш треба да се има на ум дека станува збор само за привремени помагала и дека процесот на болеста се задржува во моменталниот стадиум. Со прогресивното намалување на видната оштрина вградениот телескоп ги губи својата моќ и острината, а со тоа и ефикасноста.

Teрапија за влажна форма на макуларна дегенерација/ фотодинамска терапија PDT

За овој тип на макуларна дегенерација посттои терапија под името PDT – фотодинамска терапија. Целта на таа терапија е да се стопираат веќе дијагностицираните промени и да се спречат понатамошните деструктивни тенденции, и на тој начин да се СОЧУВА состојбата на видната оштрина. Toа е начин на лекување субфовеална и јукстафовелна CNV, воглавно класичен тип на CNV. Целта е да се уништат новосоздадените крвни садови со помош на специфичниот тип на нетермалниот ласер и фотосензитивната супстанца- вертепорфин. Овој вид на терапија во земјава се извршува САМО ВО БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД, каде што на проблемот со макуларната дегенерација му се посветува посебно внимание.

Ласер фотокоагулација – LFC

Kласичнат ласер фотокоагулација има ефект само во случај на периферна локализација, далеку од центарот на макулата. Таа е неселективна во однос на ткивото каде што се применува како би се третирала целната патолошка зона, таа го зафаќа функционалниот дел од мрежницата, а тоа доведува до делумен пад на острината на видот.

ХИРУРГИЈА НА МАКУЛИ

Последниве неколку години во полн ек е хируршкиот пристап, така наречената „транслокациja“на макула, при која всушност се ротира целата мрежница така да макулата „паднe“ точно на здравиот сочуван дел од пигментниот епител. Тоа е многу сложен хируршки зафат и бара дополнителна хируршка интервенција на надворешните мускули на окото.

VIDEO PRILOZI
  • ЛИЧНА КАРТА  На Специјалната Болница СВЕТИ ВИД

    ЛИЧНА КАРТА На Специјалната
    Болница СВЕТИ ВИД

    Болницата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр.27, во близина на Плоштадот на Републиката и Народниот театар.
    +381 (11) 328 37 37
    +381 (11) 328 33 87

    ЗА БОЛНИЦАТА...+

  • Милано 2013. год.

    Hаграда во светот за операција на бинокуларна катаракта

    НАГРАДИ...+

  • ПРВА НАГРАДА ВО СВЕТОТ НА
    БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД

    на хирургијата и придонес за развој на современата офталмологија

    НАГРАДИ...+

  • Приказни на пациентите

    Приказни на пациентите

    Најважното нешто во работата која ја работиме се нашите задоволни пациенти. Oва се само некои приказни од многуте документи за судбинскиот пресврт во животот на овие луѓе кој им го донесе Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

    Видео...+

  • Детска офталмологија

    Детска офталмологија

    Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка.

    Детска офталмологија...+