Dobračina 27 - Beograd
Dobračina 27 - Beograd
Upozoravamo javnost da postoje pokušaji zloupotrebe…
imena SVETOG VIDA lažnim predstavljanjem od strane drugih ustanova…
Adresa SVETOG VIDA je isključivo Dobračina 27 u Beogradu!

Страбизaм

СТРАБИЗАМ претставува аномалија на паралелна положба на очите, отстапување од видната осовина во одредено поле на погледот, кое е повремено или константно присатно, со слабеење на бинокуларниот вид. Тоа е моторна и сензорна аномалија.

Практично, тоа значи неусогласеност на очите или невозможност двете очи истовремено да се насочат како би се образувала единствена слика.

Oртофорија е нормална, паралелна положба на очите додека гледаат одалечен предмет.

Фориja (eзo, eгзo, хипер, циклo): латентна отстапка на видните осовини која се открива со одредени тестови и која се компензира со фузија. Причина за таквото губење на фузијата може да бидат заматен вид поради непроѕирност на оптичките медиуми (рожница, леќа), некорегирани рефрактивни грешки, пореметување на акомодацијата и конвергенцијата, или мускуларен проблем. Тропија е манифестно отстапување на видната осовина на едното или на двете очи, кое е присутно константно или наизменично.

Постојат неколку видови на страбизам: вроден, стекнат, конвергентен (езотропија со отстапување на окото навнатре), дивергентен (езотропија со отстапување на окото нанадвор), вертикално отстапување, на едно или на двете очи или алтрерирајќи итн.

Страбизмот е многу честа појава (4-6 проценти од популацијата),воглавно кај децата на предучилишна возраст, во готово 50% од случаите ја следи слабовидост. Најчесто се јавува кај децата на возраст од 3 години.

Слабовидоста e „развојно пореметување на просторната видна обработка кое се јавува во централните видни патеки на мозокот“. Во најдраматичниот случај се манифестира како губење на видната острина на едното, или поретко на двете очи. Одредени форми на слабовидост се манифестираат во форма на намалена сензитивност на контраст и просторна локализација на објектот.

Toа е невозможност да се добие јасна, остра слика без разлика на адекватната корекција на рефрактивната грешка. Тие пореметувања може да се објаснат со механизмот на недостаток на употреба на окото поради непроѕирност на медиумите или поради екстремните рефрактивни грешки поради кои на фовеолата се формира хронично заматена слика.

Главната причина би можела да биде недостаток на адекватна корекција на рефрактивната грешка или невозможност со очила или со контактни леќи да се корегираат проблемите со висока анизометропија (голема разлика во диоптријата помеѓу очите).

Целосната корекција на рефрактивната грешка е задолжителна во раното детство, како и затворањето на подоброто око, во одреден режим, како би се развила подобро видната функција. Во случај на неподнесување на контактни леќи или неприфаќање на очила, треба да се препорача рефрактивна хирургија за целосна корекција и постигнување на изометропија.

Нормално, ни ласерот, ни било која друга процедура не можат да го „конструираат“ видот, туку само да овозможат шанса за подобар развој на видната функција и бинокуларниот односно стереоскопскиот вид. Доколку создадеме услови за остар вид од раното детство, ќе помогнеме слабовидноста да се намали.

Слабовидноста и страбизмот претставуваат проблем и за целото општество и за самото лице затоа што го ограничуваат при изборот на возможните професии.

За нормален развој на видната функција и на бинокуларниот вид неопходно е положбата на очите да биде паралелна и да се формира остра слика на одговарачки точки на мрежницата на двете очи. Најважен период за развојот на бинокуларниот вид е возраста од три месеци до 3-4 години и 7-8 години. По завршувањето на тој период мали се шансите да се постигне повеќе во поглед на видната острина.

За да се развие нормална видна функција, задолжителна е нормална анатомија на очите, што значи: нормално форма и усогласеност на очите, отсуство на рефрактивна грешка или правилно и на време корегирана рефрактивна грешка, нормална анатомија и нормални функции на мускулаторниот систем на окото и интервенции за да се постигнат вистинските движења на окото, како и здрав централен нервен систем со виден центар за прием на видни стимуланси од двете очи и нивна анализа, со единствена, остра слика.

Доколку во раното детство постои пореметување на било кое од овие нивоа, бинокуларниот функционален вид е оштетен. Окото кое не може да фиксира, „бега“. Доколку постои препрека на двете очи, може да се очекува појава на нистагмус (брзо, неконтролирано движење на окото) со сериозна слабовидност.

Taа препрека може да биде катаракта, глауком со оштетување на очниот нерв, или птоза со прекриена зеница, како и долготрајно плеоптично лекување со продолжено затворање на едното око, значи секоја возможна причина која може да го попречува продорот на светлина во окото или да предизвика заматување или ралични слики на мрежницата кај очите, односно анисеиконија (несоодветни слики) како кај високата анизометропија.

Страбизмот може да се јави и подоцна во животот, кај сите долготрајни пореметувања како што се некорегираната рефрактивна грешка, заматувања на рожницата, катаракта, оштетување на мрежницата или на очниот нерв, оштетување на централниот нервен систем (цереброваскуларен инсулт со парализа на мозочниот нерв), траума, психолошки трауми без органски причинител итн.

Koнвергентен страбизам (вкрстени очи, eзo-отстапка) е почест кај децата, додека дивергентниот страбизам (eгзo- отстапка, отстапувања нанадвор) е почест помеѓу возрасните.

Превенција на страбизам и слабовидност може да се постигне со рано откривање и корекција на рефрактивните грешки (далекувидост, астигматизам, кратковидост), на правилен начин, со специфични вежби и контролирано затворање на подоброто око или наизменично, как би можело „мрзливото“ око да се тренира да гледа. Набрзо по тие постапки, задолжителна е хирургија на страбизам за да се елиминира преостанатата неусогласеност на видните осовини на двете очи. Доколку причината за појава на слабовидност и страбизам е катаракта или птоза, тогаш нормално, првин треба да се отстранат тие препреки, а потоа да се изведе операција за страбизмот.

Потоа, строго се препорачува лекување на слабовидноста.

Раната хирургија на катаракта со имплантација на интраокуларна леќа за да се постигне целосна корекција на рефрактивната грешка, изведена во текот на првите месеци или години од животот, претставува еден од најважните услови за намалување или елиминација на слабовидноста и страбизмот.

Пред се, имплантација на PC IOL кај децата при операција на катаракта има поголемо значење за развојот на подобрата видна оштрина и бинокуларниот вид од стандардната афактна корекција со очила или контактни леќи и значително може да ја намали слабовидноста. Нормално, задолжително е затворањето на подоброто око во одреден режим, во согласност со возраста на детето, и елиминација на можноста за развој на слабовидноста.

Понатамошните промени на должината на осовината и рефрактивните промени треба редовно да се следат.

Доколку се открие прогрес во порастот на должината на осовината, се препорачува склеропластика, за да се стопира понатамошното издолжување на очното јаболко.

Доколку страбизмот се јави рано, во текот на првите 6 месеци од животот, се планира рана хирургија, до втората година од животот.

Kога ќе се појави страбизмот подоцна, од 2. дo 6. година, задолжителна е добра корекција на рефрактивната грешка, а потоа и операција на страбизмот, ако е тоа потребно.

Kај истрајниот проблем, во подоцнежните години, слабовидноста е фиксна, а операцијата на страбизам или рефрактивната хирургија имаат само естетска, но не и функционална цел. Бинокуларниот вид веќе е изгубен.

Во случај на паралитички страбизам, очите се поставуваат во усогласена положба која ја спречува појавата на дупли слики.

Хирургијата на страбизмот мора да ги доведе очите во одговарачка положба со подесување на мускулатурните припои. Тоа се работи под општа анестезија, еднодневно, со напуштање на болницата неколку часа по операцијата.

Во Специјалната болница СВЕТИ ВИД, познатите експерти во областа на рефрактивната хирургија, хирургијата на катаракта и страбизам пристапуваат кон тој проблем внимателно и комплексно.

На едно место постојат можности да се реши не само проблемот со неусогласеност на положбата на очите, туку и да се отстранат многу причинители кои може да доведат до тоа.

VIDEO PRILOZI
  • ЛИЧНА КАРТА  На Специјалната Болница СВЕТИ ВИД

    ЛИЧНА КАРТА На Специјалната
    Болница СВЕТИ ВИД

    Болницата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр.27, во близина на Плоштадот на Републиката и Народниот театар.
    +381 (11) 328 37 37
    +381 (11) 328 33 87

    ЗА БОЛНИЦАТА...+

  • Милано 2013. год.

    Hаграда во светот за операција на бинокуларна катаракта

    НАГРАДИ...+

  • ПРВА НАГРАДА ВО СВЕТОТ НА
    БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД

    на хирургијата и придонес за развој на современата офталмологија

    НАГРАДИ...+

  • Приказни на пациентите

    Приказни на пациентите

    Најважното нешто во работата која ја работиме се нашите задоволни пациенти. Oва се само некои приказни од многуте документи за судбинскиот пресврт во животот на овие луѓе кој им го донесе Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

    Видео...+

  • Детска офталмологија

    Детска офталмологија

    Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка.

    Детска офталмологија...+