Dobračina 27 - Beograd
Obavešteni smo da postoje pokušaji lažnog predstavljanja…
…imenom SVETOG VID-a u različitim krajevima balkana…
…i ovim putem želimo da ukažemo na ovu zloupotrebu našeg imena.
Upozoravamo posetioce sajta da je adresa Specijalne bolnice SVETI VID
…isključivo Dobračina 27 u Beogradu i jedina lokacija na kojoj naši lekari rade…
…sve ostale informacije o gostovanjima naših lekara van Beograda su NETAČNE.
Youtube Youtube Twitter Google +

Водечки имиња на светската офталмологија во тимот на Свети Вид

СТРУЧЕН ТИМ

Prof. dr Pavel Rozsival

Prof. Dr Pavel Rozsival

На чело на одделот за рефрактивна хирургија, за возрасни и хурургија на предниот сегмент на окото, катаракт, глауком е Проф. Др. Павел Розсивал, директор на офталмолошката клиника на Чарлсовиот универзитет, Храдец Кралове, Чешка, многу години по ред Претседател на Офталмолошкото здружение на Чешка, член на научниот совет на Медицинскиот факултет на Чарлсовиот универзитет и Министерството за Здравје на Чешка. Член на водечките интернационални офталмолошки асоцијации ESCRS (European Society of Cataract and Refractive Sugery), AAO (American Academy of Ophthalmology), ISRS (Internacional Society of Refractive Sugery), член на бордот на интернационалното здружение за интраокуларни импланти (IIC – Intraocular Implant Club). Меѓу бројните признанија се и THE HONOUR OF EXCELENCE и THE GREAT MIND IN Ophthalmology.

Автор е на неколку стотина професионални труда, публикувани во престижните стручни часописи, со преку 700 професионални претставувања на домашните и на интернационалните конгреси, сега веќе со преку 40.000 операции на око, операции на катаракт, во најсложени случаи, често пати на граница на операбилност, враќајќи ја видната функција, операции на глауком, имплантации на интраокуларни леќи, трансплантација на рожница, операција на рожница, примена на егзајмер ласер во корекција на диоптријата и во терапиите на рожницата, процедури corneal cross линкинк кај кератоконус.

Посебно се истакнува со својот придонес во развојот на офталмологијата во светот, за што добил бројни признанија.

Од страна на Интернационалните Биографски центри во Англија и во Њујорк, оценет е како еден од извонредните луѓе на XX и XXI век, и награден е со декрет за заслуги и исклучителен придонес за развојот на офталмологијата и достигнувањата во напредокот на медицината.

Се цитира во неколкуте изданија на едицијата “Who’s Who in the World”.

Помеѓу бројните признанија во светот за исклучителни достигнувања и иновации во современата офталмологија е и наградата на Интернационалниот конгрес за иновативна медицина.

Од основањето на Специјалната болница Свети Вид е во составот на тимот, придонесувајќи кон тоа во срцето на Белград, да почне да живее водечката офталмологија.

 

Prof. Dr Rudolf Autrata

Prof. Dr Rudolf Autrata

На чело на одделението за детска офталмологија е Проф. Др. Рудолф Аутрата PhD MBA

Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка

Претседател на Чешкото Здружение за Детска Офталмологија и Страбизам

Член на Научниот Борд при Медицинскиот Факултет на Масариковиот Универзитет во Брно

Истакнат член на водечките интернационални здруженија на детската офталмологија.

Од самиот почеток посветен и е на педијатријата и на детската офталмологија, со докторски тези во областа на примена на егзајмер ласерот во тераписки и рефрактивни цели кај децата на предучилишна возраст, со цел намалување на слабовидоста. Еден од првите во светот е, кој пред готово две децении ја започна пионерската работа во борбата за намалување на слабовидоста кај децата на рана возраст, во посебни ситуации, кои генерирале слабовидост. За својот придонес во развојот на детската офталмологија во светот, повеќекратно е наградуван со бројни светски признанија, помеѓу кои и со ПРВА НАГРАДА за долгогодишна студија за примена на егзајмер ласерот кај децата на предучилишна возраст во специјални индикации поради намалување на слабовидоста.

Денес е еден од најцитираните автори, со повеќе стотина публикации во престижните, високо индексирани стручни часописи на тема детски офталмолошки проблематики и хируршко решавање на разните типови на страбизам, хирургија на склеропластика, вроден глауком, птози, хирургија на солзните патишта, рефрактивни процедури кај децата, терапевтски процедури на рожницата (РТК, ССL) идр. Покрај извонредното значење кое го остави во областа на детската рефрактивна хирургија, професорот Др Рудолф Аутрата со огромно искуство маестрално ги решава разните форми на комплицирани девијации на очите (паралитички страбизам, страбизам во различни синдроми, по операција на тумор и сл.)

Со вклучувањето во тимот на Светиот Вид, овозможи современата детска офталмологија да почне да живее на овие простори, со што Свети Вид се вклучи во ланецот на денес се уште малку бројните светски педијатриски високо специјализирани офталмолошки клиники кои што работат врвна детска офталмологија.

Професор – консултант – Шеф на одделението за детска офталмологија при Специјалната Болница Свети Вид, Белград, Србија.

 

Prof. dr Šárka Pitrová

Проф.др. Шарка Питрова
(Prof. dr Šárka Pitrová)
член на EBO (Европскиот одбор за офталмологија), Отсек за офталмологија при Медицинскиот факултет на Масариковиот Универзитет во Брн, Чешка, Специјална болница Свети Вид, Белград, Србија.

Член на тимот на болницата Свети Вид. Meѓу водечките имиња на светската офталмологија заедно са проф. Павел Розсивал и проф. Рудолф Аутрата.
Голем експерт и одличен учител, долг низ години го дели своето огромно знаење со студентите по медицина и младите офталмолози.
Како познавач во областа на офталмологијата, хирург со огромно искуство и универзитетски професор таа е одговорна за образованието на студентите по медицина и на студентите на постдипломските студии. Повеќе од 20 години предава и испрашува. Учествувала во образувањето на низ експерти во областа на офталмологијата низ целиот свет.

Своите научни трудови ги претставила нa престижните научни собири. Таа е истакнат истражувач во многуте проекти на Владата и Министерството за здравје на Република Чешка.

Објавила низ трудови и учествувала во пишувањето на неколку учебници за студентите по медицина и за специјалистите во областа на офталмологијата.

Нејзини главни сфери на интерес во областа на офталмологијата се микрохирургија на предниот сегмент на окото, пред се катаракта и глауком и микрохирургија на катаракта со примена на Femtolaser, реконструктивна посттрауматска и пластична хирургија на регијата на окото. Повеќе од 25 години врши факоемулзификација.

Посебно е посветена на дијагностиката и хируршкиот третман на најтешките случаи на глауком и катаракта, со успех ги применува најновите техники и технологии. Долги години наназад учествува во научни истражувања и работи на развојот на нови импланти во офталмологијата, посебно во хирургијата на глаукомот (имплант Ahmed, Ex-press итн.)

Kај случаите на глауком применува комплетна сеопфатна дијагностика, потпирајќи се пред се на своето огромно клиничко искуство. Во третманот на глауком применува разни видови на модерни техники на микрохирургијата. Тие модификувани техники му се прлагодуваат на секој поединечен случај и даваат одлични резултати. Има големо реноме во областа на офталмологијата, позната е како лице со големо знаење и способност успешно да извршува многу ризични операции и да ги спаси остатоците од видната функција во готово изгубените случаи. Секој случај кој е пред неа, го испитува до најфините детали..

Таа е претседател на Офталмолошкото здружение на Чешка, потпретседател на Здружението за амбулантна офталмологија, претставник на Чешка во EBO (Европскиот одбор за офталмологија), член на ASCRS (Американското здружение за хирургија на катаракта и рефрактивна хирургија), ESCRS (Европското здружение за хирургија на катаракта и рефрактивна хирургија), EGS (Европското здружение за хирургија на глауком), WGS (Светското здружение за хирургија на глауком) и AAO (Американската офталмолошка академија).

 

Prof. Dr Bereczki Arpad

Проф. Др Берецки Арпад

Витреоретинален и рефрактивен хирург

Професор по офталмологија

Соработува со отсекот за офталмологија при Медицинскиот Факултет на
Универзитетот Семелвајс во Будимпешта

Член на тимот експерти на Болницата СВЕТИ ВИД, Белград

Вонсериски витреоретинален хирург со бројни публикации во стручните часописи, забележани презентации на меѓународните конгреси за витреоретинална хирургија.

Се занимава со проблеми на ретината и стаклестото тело на очното јаболко (витреоретинална хирургија) со специјално определување за проблемите на макулата и за изведување на вонсериска макуларна хирургија.

Покрај тоа посветен е и на хирургијата на предниот сегмент, посебно на хирургијата на катаракта и рефрактивните ласерски и хируршки процедури за имплантација на леќи.

Со огромното клиничко искуство постигнува фантастични резултати во витреомакуларната хирургија и решавањато на макуларните проблеми до скоро иноперабилни (руптури на макула, макуларни мембрани – епиретинални мембрани, витреомакуларен тракционен синдром итн.).

Еден е од првите хирурзи во Европа кој почнал да ја применува најмалку инвазивната витреоретиналната хирургија користејќи 25 гауга и 23 гауга инструментација што претставува посебен комфор за пациентот: витреоретинална хирургија без шавови со брзо опоравување како хирургијата на предниот сегмент, со одлични постоперативни резултати.

Работејќи истовремено и како хирург на предниот сегмент и витреоретинален хирург, тој е еден од првите лекари кој почнал да применува комбинирани операции на катаракта и витректомија (факовитректомија), што има посебно значење при решавањето на проблемот со дијабетичната ретинопатија и катаракта, како најмалку инвазивна процедура со употреба на гасна тампонада (една хирургија) како и со користење на силиконска тампонада во напредните случаи.

Во тешките случаи на дијабетична ретинопатија применува и билатерална витреоретинална хирургија доколку е тоа неопходно.

Во третманите на жолтата дамка користи широки дијагностички можности и терапевтски техники со примена на фотодинамската терапија (PDT) водена со 3D OCT мониторинг, како и примена на анти-VEGF интравитреално, со одлични постоперативни резултати.

Учествува во едукативните програми за витреоретинална хирургија низ целиот свет. Во периодот од септември 1996. до мај 1997. работел на одделот за ретина на Клиниката за око и уво на Медицинскиот факултет Харвард во Бостон, Масачусетс (Massachusetts Eye and Ear Infirmary) каде што бил вклучен во истражувањето на механизмите на неоваскуларизацијата.

Член е на унгарското Здружение на офталмолози и на унгарската лекарска комора, Американската академија за офталмологија (AAO), Американското и Европското здружение на витреоретинални специјалисти (AVRS, EVRS), Европското здружение за ретина (EU retina) итн.

Бил шеф на одделот за офталмологија во “Petz Aladar” окружна наставна болница во Ѓер, Унгарија.
Работи како вонреден професор по офталмологија на Медицинскиот Факултет при Универзитетот Семелвајс во Будимпешта.

Член на тимот експерти на Болницата Свети Вид во Белград.

  • ЛИЧНА КАРТА  На Специјалната Болница СВЕТИ ВИД

    ЛИЧНА КАРТА На Специјалната
    Болница СВЕТИ ВИД

    Болницата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр.27, во близина на Плоштадот на Републиката и Народниот театар.
    +381 (11) 328 37 37
    +381 (11) 328 33 87

    ЗА БОЛНИЦАТА...+

  • Милано 2013. год.

    Hаграда во светот за операција на бинокуларна катаракта

    НАГРАДИ...+

  • ПРВА НАГРАДА ВО СВЕТОТ НА
    БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД

    на хирургијата и придонес за развој на современата офталмологија

    НАГРАДИ...+

  • Приказни на пациентите

    Приказни на пациентите

    Најважното нешто во работата која ја работиме се нашите задоволни пациенти. Oва се само некои приказни од многуте документи за судбинскиот пресврт во животот на овие луѓе кој им го донесе Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

    Видео...+

  • Детска офталмологија

    Детска офталмологија

    Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка.

    Детска офталмологија...+