Dobračina 27 - Beograd
Obavešteni smo da postoje pokušaji lažnog predstavljanja…
…imenom SVETOG VID-a u različitim krajevima balkana…
…i ovim putem želimo da ukažemo na ovu zloupotrebu našeg imena.
Upozoravamo posetioce sajta da je adresa Specijalne bolnice SVETI VID
…isključivo Dobračina 27 u Beogradu i jedina lokacija na kojoj naši lekari rade…
…sve ostale informacije o gostovanjima naših lekara van Beograda su NETAČNE.
Youtube Youtube Twitter Google +

ФОТОДИНАМСКА ТЕРАПИЈА

ТЕРАПИСКИ ПРИСТАП КОН ПРОБЛЕМИТЕ СО ЖОЛТАТА ДАМКА

Fotodinamska terapija До пред неколку години терапискиот пристап бил многу ограничен, додека, денес може да се делува и во случај на многу агресивни форми – во смисла да се стопира напредокот на заболувањето, доколку се реагира навремено.
Секако, превенцијата и отстранувањето на ризичните фактори и понатаму се на прво место.

ПРЕВЕНТИВНО ДЕЛУВАЊЕ

Раното препознавање на проблемот и навремената примена на терапијата го редуцира ризикот од фудроајантно неповратно губење на централниот вид. При операција на катаракта, посебно, ако кај пациентот истовремено постои и оштетување на макулата, денес се повеќе се советува вградување на посебни, свитливи интраокуларни леќи со интегриран филтер, кој го апсорбира и блокира продорот на УВ и сината светлост. Со тоа делува протективно на макулата (така наречена жолта дамка или натурал интраокуларни леќи). Тоа е еден од видовите на превентивното делување.

НАВРЕМЕНА ДИЈАГНОСТИКА

Диференцијалната дијагноза на типовите заболувања на макулата се поставува со клинички преглед, со намалување на очното дно без и со контраст (ангиографија) и со најновата дијагностичка процедура – ОСТ (оптичка кохерентна томографија) која дава фантастични, готово хистолошки пресеци низ макулата и нејзин тродимензионален детален приказ.

На овој начин лесно се диференцираат двете основни форми на влажна форма на макуларна дегенерација – окултна и класична, чии тераписки можности и прогнози се разликуваат но со помош на ОСТ дијагностиката брзо и лесно се откриваат и многу други процеси во макулата (едеми, тракциони феномени и сл.)

ФОТОДИНАМСКА ТЕРАПИЈА

fotodinamska_terapijaСо примена на фотодинамската терапија (PDT), се постигнува уништување на лошите крвни садови – целно, без оштетување на околното ткиво, што не беше случај со поранешната генерација на термо – ласери. Овој вид на терапија во земјава се врши единствено во Специјалната болница СВЕТИ ВИД, каде што посебно внимание му е посветено на проблемот макуларна дегенерација.

ХИРУРГИЈА НА МАКУЛАТА

Хируршкиот пристап кој се применува последниве години е таканаречената транслокација или преместување на макулата. Се работи за комплексна интервенција, која се применува во ограничен број на случаи, а најголемиот дел од проблематиката се решава со едноставно инјектирање на лекот во витреусот (анти VEGF) изолирано или во состав на витректомијата. Рутинската хирургија која што се изведува овде е хирургија на пукнатини во жолтата дамка (macular hole) како и хирургија на набори во макулата (macular pucker).

  • ЛИЧНА КАРТА  На Специјалната Болница СВЕТИ ВИД

    ЛИЧНА КАРТА На Специјалната
    Болница СВЕТИ ВИД

    Болницата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр.27, во близина на Плоштадот на Републиката и Народниот театар.
    +381 (11) 328 37 37
    +381 (11) 328 33 87

    ЗА БОЛНИЦАТА...+

  • Милано 2013. год.

    Hаграда во светот за операција на бинокуларна катаракта

    НАГРАДИ...+

  • ПРВА НАГРАДА ВО СВЕТОТ НА
    БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД

    на хирургијата и придонес за развој на современата офталмологија

    НАГРАДИ...+

  • Приказни на пациентите

    Приказни на пациентите

    Најважното нешто во работата која ја работиме се нашите задоволни пациенти. Oва се само некои приказни од многуте документи за судбинскиот пресврт во животот на овие луѓе кој им го донесе Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

    Видео...+

  • Детска офталмологија

    Детска офталмологија

    Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка.

    Детска офталмологија...+