Dobračina 27 - Beograd
Obavešteni smo da postoje pokušaji lažnog predstavljanja…
…imenom SVETOG VID-a u različitim krajevima balkana…
…i ovim putem želimo da ukažemo na ovu zloupotrebu našeg imena.
Upozoravamo posetioce sajta da je adresa Specijalne bolnice SVETI VID
…isključivo Dobračina 27 u Beogradu i jedina lokacija na kojoj naši lekari rade…
…sve ostale informacije o gostovanjima naših lekara van Beograda su NETAČNE.
Youtube Youtube Twitter Google +

Kатаракта

Специјалната болница СВЕТИ ВИД воведе во Србија ултразвучна операција на катаракта (факоемулзификација), метода која е присутна во светската офталмологија од 1971. година, a денес е доведена до совршенство. Во денешно време, највисокото ниво на оваа хирургија присутно е токму кај нас, во болницата СВЕТИ ВИД, и на луѓето од Србија и од странство им овозможува највисок квалитет на хирургија со голема удобност при изведувањето на операцијата.

Факоемулзификацијата овозможува изведување на операцијата на катаракта во најраниот стадиум на болеста, веднаш по појавувањето на првите симптоми, наместо мачното чекање катарактата да созрее. Чекањето катарактата да созрее, всушност, значи поминување низ мрачен период на „привремено слепило“.

Toа е неизбежно кај старите класични хируршки пристапи кои што се се уште добро вкоренети во српската офталмологија. Освен тоа, самата зрела катаракта претставува ризик од возможните компликации – глаукома, или воспалителни реакции создадени поради распаѓањето на леќните маси (увеитис), или создава потешкотии во откривањето на сериозните дијабетни промени во задниот сегмент од окото, како што е крварење или аблација на мрежницата.

Не е невообичаено пациентите да го поврзуваат своето губење на видот исклучиво со катарактата, не знаејќи ништо за другите возможни причинители, од задниот сегмент на окото, и токму поради тоа раната операција има огромно значеење.

Многу тешка и одговорна задача е на пациентите и на офталмолозите овде да им се објаснат предностите на ултразвучната операција на катарактата во споредба со стариот пристап кој што овде е се уште длабоко вкоренет, иако во современата офталмологија со децении наназад е присутен.

Факоемулзификацијата подразбира хируршки зафат со мал рез, кој денес изнесува помалку од 2 mm, употреба на ултразвучна сила при емулзификацијата на леќната маса и аспирација, ставање на свитлива леќа наместо капсуларна вреќичка преку малиот рез, и според тоа, довршување на хируршкиот зафат без шавови, освен кај децата каде што шавовите се неопходни. Изборот на типот на леќите зависи од случајот, од посебните потреби на пациентот, од желбата да се корегира рефрактивна грешка или некој специјален офталмичен проблем. Пациентите се посебно среќни поради изборот на мултифокалните импланти кои што обезбедуваат добар вид и на поголема и на средна одалеченост, независно од очилата. Посебна предност на мултифокалните импланти е пријатното чувство при гледањето на предметите од секоја страна со ист квалитет на зададената слика, а не како кај мултифокалните очила, каде е потребен напор за да се пронајде сликата под одреден агол.

Целта на рефрактивната хирургија, да се победи презбиопијата, конечно е постигната воглавно кај презбиопните (далекувидите) пациенти.

За пациентите со оштетена макула интраокуларните леќи со син филтер посебно се препорачуваат за заштита од штетната сина светлина.

Сосема спротивно од горе наведеното, стариот, класичен пристап бара зрела катаракта, што значи во целост заматена леќа со функционално „слепило“ пред операцијата и голем рез, голема механичка траума за окото и многу шавови на крајот. Тоа би можело да доведе до последователни проблеми во некои случаи на катаракта комбинирана со глаукома, или до дијабетни промени на задниот сегмент од окото, или до големи промени во макулата, што воглавном ги наведувало „класичните доктори“ таквите случаи да ги прогласат како иноперабилни поради стравот да не ја влошат ситуацијата со класичниот пристап на хируршкиот зафат. Бидејќи постојат огромен број на комбинирани проблеми во окото, неопходен бил побезбеден хируршки пристап и токму поради тоа е родена факоемулзификацијата.

Идејата на големиот иноватор, Др. Чарлс Keлман (Charles Kelman), од 1967. година за употреба на ултразвук за операција на катаракта, стана реалност во 1971.

Развиените земји сфатиле дека е многу поскапо компликациите да се лекуваат по пат на традиционалната хирургија отколку да се воведе нова метода. Операцијата на катаракта со ултразвук стана ЗЛАТЕН СТАНДАРД во официјалната офталмологија.

Меѓутоа, за почетниците, дури и најосновните чекори во изведувањето на тој хируршки зафат се многу тешки и може да се претворат во голема несреќа доколку се изведат без строг надзор на искусен хирург, тоа претставува барање. Сепак, нестручните хирурзи се склони кон тоа несериозно да ги сфатат високите барања на таа хирургија и во целост новите технологии, па слепо влегуваат во компликации, без неопходното знаење.

Станува збор за тоа дека, за дотерување и усовршување на хируршката техника потребна е виртуозност при изведувањето на хируршкиот зафат и дека таквите стручни хирурзи ги диктираат насоките за моделирање на техниката. Според тоа, благодарејќи му на едниот од нив, кој што добил специјални награди и заслуги за своите придонеси во современата офталмологија, Проф. Др. Павел Розсивал (Pavel Rozsival) (кој што ја воведе таа метода и во Србија), ние денес можеме да ги следиме феноменалните можности на факоемулзификацијата. Taа метода веќе влезе во новата ера на своето постоење, сега во целост со нов лик и со нова инструментација, со три различни енергетски платформи интегрирани во еден уред, INFINITY.

Сега имаме три разни типови на сонди, од кои секоја се користи во одреден специфичен случај. Една од нив претставува во целост нов пристап, сосема без употреба на ултразвук – AKВАЛИЗA (AQALASE). Aквализата стана нов израз во рефрактивните процедури за замена на леќи во кои „нежното плакнење на леќите“ се постига со феноменот на воден млаз, без грубо механичко делување. Идеална е за минимално заматени леќи или за замена на бистри леќи кај рефрактивните корективни процедури.

Другите две платформи претставуваат усовршена, подобро балансирана ултразвучна енергија и неосоникс (neosonix)- комбинација од ултразвучна и осцилаторна енергија во една платформа, која што е многу посилна во случаите на „тврди, зрели“ катаракти, со исклучителен степен на контрола и со кратка примена на ултразвучна енергија.

Oваа технологија бара исклучително познавање на техниката факоемулзификација и експерти за таа метода, и во моментов постои само во неколку водечки светски центри када што ја изведуваат најдобрите хирурзи со големо искуство во факоемулзификацијата. Еден од нив е и Проф. Др. Павел Розсивал и благодарејќи му нему и на Специјалната болница СВЕТИ ВИД, oваа хирургија со висок квалитет е присутна и овде, во Белград.

VIDEO PRILOZI
  • ЛИЧНА КАРТА  На Специјалната Болница СВЕТИ ВИД

    ЛИЧНА КАРТА На Специјалната
    Болница СВЕТИ ВИД

    Болницата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр.27, во близина на Плоштадот на Републиката и Народниот театар.
    +381 (11) 328 37 37
    +381 (11) 328 33 87

    ЗА БОЛНИЦАТА...+

  • Милано 2013. год.

    Hаграда во светот за операција на бинокуларна катаракта

    НАГРАДИ...+

  • ПРВА НАГРАДА ВО СВЕТОТ НА
    БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД

    на хирургијата и придонес за развој на современата офталмологија

    НАГРАДИ...+

  • Приказни на пациентите

    Приказни на пациентите

    Најважното нешто во работата која ја работиме се нашите задоволни пациенти. Oва се само некои приказни од многуте документи за судбинскиот пресврт во животот на овие луѓе кој им го донесе Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

    Видео...+

  • Детска офталмологија

    Детска офталмологија

    Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка.

    Детска офталмологија...+