Dobračina 27 - Beograd
Obavešteni smo da postoje pokušaji lažnog predstavljanja…
…imenom SVETOG VID-a u različitim krajevima balkana…
…i ovim putem želimo da ukažemo na ovu zloupotrebu našeg imena.
Upozoravamo posetioce sajta da je adresa Specijalne bolnice SVETI VID
…isključivo Dobračina 27 u Beogradu i jedina lokacija na kojoj naši lekari rade…
…sve ostale informacije o gostovanjima naših lekara van Beograda su NETAČNE.
Youtube Youtube Twitter Google +

Kорекција на диоптријата

РЕФРАКТИВНА ХИРУРГИЈА

Специјалната болница СВЕТИ ВИД во нашата земја воведе РЕФРАКТИВНА ХИРУРГИЈА, хируршки и ласерски процедури за корекција на рефрактивни грешки како што се кратковидост, далекувидост и астигматизам. Оваа субспецијалистичка гранка на офталмологијата, во современата офталмологија постои од осумдесетите години на XX век, a конечно стана достапна и на овие простори благодарејќи и на очната болница СВЕТИ ВИД.

ШТО E РЕФРАКТИВНА ХИРУРГИЈА?

Рефрактивната хирургија опфаќа голем број на постапки – хируршки и ласерски – со кои се корегираат рефрактивните грешки – далекувидост, кратковидост и астигматизам. Таа ја елиминира зависноста од конвенционалните помагала како што се контактни леќи и очила. Рефрактивната хирургија кај децата е соодветна во специјални индикации, во периодот на интензивниот развој на видната острина, кога е задолжителна целосна корекција, но не може да се поднесе поради неподнесување или неприфаќање на контактните леќи и очилата, со сериозна анизометропија или високи билатерални рефрактивни грешки отпорни на конвенцијална терапија. Tиe методи, официјално присутни во светската офталмологија многу години наназад, конечно станаа и наше секојдневие, по создавањето на Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

Потенцијалот на рефрактивната хирургија е огромен и за мали и за големи рефрактивни грешки, вклучувајќи го и астигматизмот, со добар избор на најадекватната метода. Огромното искуство во оваа област е од огромно значење за постигнување на добра реакција. Посебно е важен изборот на методата за секој пациент, комбинацијата на методи или, доколку е неопходно, специфично прилагодениот пристап.

Eгзајмер ласерот секако е најпопуларната и најмалку инвазивната метода. Тоа е компјутерски водена и добро контролирана примена на ласерскиот зрак- всушност „летачки“ ласерски точки со голема фрекфенција кои се користат за да ја преобликуваат површината на рожницата спрема посакуваниот модел и на тој начин да ја изменат нејзината рефрактивна моќ во посакуваната. Диоптрискиот опсег кој што може да се „симнe“ со ласер се дефинира однапред врз основа на специфичните параметри утврдени за време на прегледот. Огромно значење имаат и дебелината на рожницата, нејзината форма и нејзината стабилност пред ласерската постапка. Eгзајмер ласерот се користи за корекција на кратковидост до -13 D (со астигматизам) и дo +6 D далековидост, кога е адекватна дебелината на рожницата. Кај тенките рожници, диоптрискиот опсег кој што може да се корегира е помал од горе наведениот. Кога не е стабилна рефрактивната грешка, ласерската постапка би можела да се изведе поради постигнување на комфортен остар вид и ослободување од очила. Aко е потребно, подоцна малите промени би можеле повторно да се корегираат, во зависност од дебелината на рожницата (дополнителна корекција). Овој услов е од суштинско значење за безбедноста на постапката. Кај поголемиот опсег на диоптрија и тенката рожница, се препорачува хируршки третман со имплантација на специјални интраокуларни леќи со оглед на следниве опции:

a) Хируршка постапка со рефрактивни импланти на интраокуларната леќа, без отстранување на природната, кристална, биолошка леќа и со зачувување на моќта на акомодација. Тоа е така наречена ФАКНА ИНТРАОКУЛАРНА ЛЕЌА (IOL) за висока далекувидост и ФАКНА ТОРИЧНА IOL за комбинирана корекција на сферични и астигматични рефрактивни грешки. Таа метода се применува кај пациенти кои што се уште имаат акомодација, до 35-40 годишна возраст. Според тоа, акомодацијата е сочувана, а видот на далечина е корегиран. Квалитетот на овие леќи е исклучителен. На овој начин возможно е да се корегира кратковидост до -22D (или -25 D, во зависност од видот на леќата) и далековидост до +10 /, со торична корекција до 7 D (фактна торична леќа). Постојат разни видови на леќи – леќи кои се вградуваат во предната комора на окото („angle supported“) и леќи кои се поставуваат на ирисот („iris claw“), флексибилни за имплантација со мал рез. Резултатите се одлични. Хируршкиот зафат кратко трае, воглавно е со локална анестезија, а опоравувањето е брзо, веќе идниот ден. Возможна е и бинокуларна операција, или операција ден по ден. Факните IOL се користат и во педијатриската рефрактивна хирургија, за корекција на висока бинокуларна рефрактивна грешка или кај високата анизометропија, кога конвенционалната терапија останува без успех, а се заканува сериозна слабовидост. Тука е задолжителна општата анестезија.

б) Kај постарите кратковидни или далекувидни пациенти, кога природната човекова леќа ја губи својата моќ на акомодација и кога ќе се создаде потреба за зависност од други очила, познати како „очила за читање“, изборната метода нема да биде ласер, ниту пак имплантација на факна леќа, туку хирургија ЗАМЕНА НА ЛЕЌА со имплант од леќа специјално избран да одговара на потребите на пациентот и професионалните или другите барања. Многуте пациенти се исклучително среќни поради изборот на мултифокалната свитлива интраокуларна леќа со комфорен вид на близина за предметите кои што се во близина (емитација на акомодација), на средна одалеченост (компјутер) и на далечина. Пациентите кои што се подложни на операција на катаракта (факоемулзификација) може да ги корегираат своите поранешни рефрактивни проблеми со избор на мултифокални импланти. На тој начин, мултифокалната свитлива леќа практично ја отстранува двократната зависност од очила, давајќи му добар квалитет на водот на разни одалечености (емитација на акомодација). Сите постапки бараат одговарачко хируршко умеење и изведување, затоа што хируршката прецизност е многу ВАЖНА почетна претпоставка, како би се искористил најдобриот потенцијал на рефрактивната хирургија. И токму поради тоа, многу е важно хирургот кој што ја изведува рефрактивната хирургија да биде експерт во таа област и на своите пациенти да им го даде максимумот. За отсранување на вродената или травматска катаракта кај децата постари од 5 години, со умерена или слаба кратковидост, се препорачува мултифокален имплант како би се компензирала загубата на акомодацијата по операцијата на катаракта, и за да може приближно, „повторно да се воспостави акомодација“.

Хирургијата за замена на леќи се изведува на двете очи истовремено, или ден по ден, со локална анестезија (кај деца со општа), во рамките на еднодневната хирургија. Закрепнување – утредента, или е потребен перод на адаптација од неколку дена. Рефрактивната хирургија е круна на хируршкото умеење и е кралица на офталмологијата. Таа се уште не е присутна на нашиот универзитет. Почетниците и лекарите без искуство во овој хируршки пристап немаат лиценца за работа во таа хируршка област, затоа што тоа би можело да биде опасно. Недостатокот на знаење и искуство во областа на рефрактивните процедури, би можел да доведе до недоразбирање и би можел да стане извор на измама и страв во врска со овој начин на коригирање на диоптријата. Сепак, тие процедури се званични и многу се добри доколку ги изведува експерт во таа област и ги задоволуваат сите оние кои им се подвргнуваат.

KOЛКУ Е АКТУЕЛЕН ТОЈ ПРОБЛЕМ ВО СОВРЕМЕНАТА ОФТАЛМОЛОГИЈА, КОЛКУ ДОЛГО ПОСТОИ И КАКВИ РЕЗУЛТАТИ СЕ ПОСТИГНАТИ?

Почетоците на рефрактивната хирургија датираат одамнина, пред повеќе од половина век, од пионерските чекори на Баракер (Baraquer), Сато (Sateau), Фјордов (Fiodorov) во пробата да ја корегираат диоптријата по пат на хируршки пат. Тие први чекори, иако се далеку од остварувањето на крајната цел, секако, биле многу важни за понатамошниот развој на современата рефрактивна хирургија. Oд пред две и пол децении до денес, рефрактивната хирургија се развила во нова супспецијалистичка гранка на офталмологијата. Организирани се многу конгреси и напишани се многу часописи и книги на таа тема. Веќе многу години наназад, студентите и младите офталмолози слушаат предавања од оваа област во офталмологијата во нормално развиените земји, но за жал, не и овде, во Србија. Примената на егзајмер ласерот во офталмологијата започнала во осумдесетите години на XX век. Тоа биле првите, сега напуштени хардверски ласери, кои биле претходници на современите ласери.

Денес егзајмер ласерот е од софтверски тип, со предности на прилагодување на процедурите кон секое око поединечно. Ја постигна кулминацијата на својот развој. Одамна зададената цел конечно е остварена. Сонот на милиони луѓе стана реалност! Прецизност, предвидливост, безбедност и задоволство на милиони пациенти ширум светот кои биле оперирани, влијаеле на највисоките авторитети во офталмологијата, ласерските процедури да ги прогласат за официјални.

ЗЛАТНОТО ДОБА НА РЕФРАКТИВНАТА ХИРУРГИЈА НЕ ПОЧНУВА, ТУКУ ПРОДОЛЖУВА.

Ова е време на стабилни резултати, во кое одамна поставените цели сега се остваруваат. Благодарејќи и на болницата СВЕТИ ВИД, оваа донеодамна НЕДОПИРЛИВA гранка на офталмологијата стана и наша СЕГАШНОСТ.

KOЛКУ Е ПРИСУТНА РЕФРАКТИВНАТА ХИРУРГИЈА ВО СВЕСТА НА НАШИТЕ ЛУЃЕ?

Се повеќе, но за жал, не доволно … Иако веќе долго е присутна во современата офталмологија како единствена, субспецијалистичка гранка, рефрактивната хирургија се уште не е нормално опфатена со студиската програма на нашиот универзитет. Поради тоа лесно може да се разбере конфузијата во домашното офталмолошко друштво, која што сигурно ќе потрае уште некое време. За жал, тој проблем и таа конфузија во нашето друштво се пренесуваат на помладите генерации, надежта на нашата иднина, и понатаму, на пациентите кои бараат помош.

КОЈА Е ЦЕЛТА НА РЕФРАКТИВНАТА ПРОЦЕДУРА?

Целта на рефрактивната хирургија е да обезбеди комфортна, функционална видна острина без контактни леќи или очила и да ја прекине зависноста од конвенционалните помагала. Кај децата со специјални индикации и со специјални потреби, рефрактивната хирургија обезбедува најдобра целосна корекција на рефрактивната грешка, состојба на изометропија за да се развијат подобро видната функција и бинокуларниот вид, како најдобар начин да се редуцира слабовидоста.

ШТО ГИ НАВЕДУВА ЛУЃЕТО ДА БАРААТ ТАКВА КОРЕКЦИЈА НА ДИОПТРИЈАТА?

Воглавно тоа е некомфортност предизвикана со употреба на конвенционалните помагала, која што е посебно присутна во некои професии, или во обичниот секојдневен живот. Младите луѓе обично имаат негативен став кон очилата, или едноставно не можат да ги поднесат контактните леќи и со нив се чувствуваат непријатно. Во ретки случаи тоа може да биде причина за поголеми проблеми во комуникацијата и затворање во себе. Оттука нивната мотивација да пронајдат решение во рефрактивната хирургија е голема. Втора причина за избор на рефрактивната хирургија е неможноста рефрактивната грешка да се корегира со очила поради видот на грешката или поради големите рефрактивни разлики меѓу очите (aнизометропија), дури и кога пациентите немаат ништо лично против очилата, или едноставно не ги поднесуваат контактните леќи. Финансискиот аспект има огромно значење. Рефрактивната хирургија се врши еднаш за цел живот. Додека контактните леќи претставуваат доживотна зависност.

KOИ СЕ КАНДИДАТИ ЗА ЕГЗАЈМЕР ЛАСЕРОТ?

Oбично се бара лицето да биде постаро од 18 години или рефракцијата да биде стабилна во последните две години, но тоа не е задолжително. Рефракцијата може да се смени физиолошки дури и по осумнаесетата година од животот, тоа не е предвидливо. Истото може да се случи со очилата или со контактните леќи, независно од ласерската коракција. Ласерот единствено може да ја корегира постоечката рефракција, но неможе да ги стопира понатамошните промени доколку постои прогресивен тренд. Познато е дека високите рефрактивни грешки се нестабилни. Доколку е потребно, ласерската корекција може да се направи и дополнително, како засилување. Ласерската рефрактивна хирургија се индицира во раното детство, до 8. година, пред завршувањето на развојот на функционалниот вид, во специјални индикации.

ВИСОКА ДИОПТРИЈА

KAKO ДА СЕ НАДМИНЕ ПРОБЛЕМОТ СО ВИСОКАТА ДИОПТРИЈА?

Готово една третина од пациентите со рефрактивна грешка имаат висока диоптрија. Тие „несреќни“ луѓе тешко можат да ја „сместат“ својата висока диоптрија во рамките на очилата или да ја корегираат со контактни леќи. Со поголем степен на астигматизам, готово е сигурно дека, со конвенционалните помагала, нецелосната видна острина, нереалната слика и ограниченото видно поле ќе бидат дел од нивниот секојдневен живот. Без тие „помагала“, кај добар дел од пациентите видната острина е ограничена на само неколку десетина сантиметри. Тоа ја покажува исклучителната зависност од очила или од контактни леќи со другите пропратни ефекти од тие помагала.

Eгзајмер ласерот се препорачува за корекција на ниска и умерена миопија (кратковидост) дo – 10.0 (приближнo), кај умерен астигматизам и ниски хиперопии (далекувидост) (до околу 2 D). Не се користи за корекција на многу високи диоптрии. Диоптрискиот опсег кој може да се „симне“ строго се дефинира врз основа на специфични параметри утврдени со преглед, поради кои ласерската процедура е сигурна. Секоја рефрактивна процедура, без разлика дали е ласерска или хируршка, има свои посебни барања. Одличното знаење и искуството во областа на рефрактивната хирургија е задолжително како би можело на секој пациент посебно да му се обезбеди најдоброто и најсигурното решение. Доколку се почитуваат тие принципи, резултатите од рефрактивните процедури се одлични и на многумина им носат среќа.

Eгзајмер ласерот не се препорачува доколку пациентот има конституциски „тенка“ рожница, дури и кај умерените рефрактивни грешки. Во тој случај, изборна метода е хирургијата со импланти. Тоа подразбира хируршка имплантација на специјална интраокуларна леќа која покрива диоптриски опсег до -20 D (кратковидост) и дo +10 (далекувидост). Сопствената леќа на пациентот останува недопрена и на истото место, позади ирисот. На тој начин акомодацијата (вид на близина) останува непроменета, а се постигнува корекција на видот на далечина.

Поради тоа имплантација на факните IOL им се препорачува на пациентите од старосната група од 21 дo 40-45 години, додека се уште постои акомодација. Кај повозрасните луѓе, кај кои нема повеќе акомодација на биолошката леќа, се препорачува хирургија за замена на леќите за корекција на повисоката диоптрија. Во тој случај на располагање се повеќе видови на импланти, а изборот се врши во зависност од проблемот на пациентот. Посебна шанса за истовремено ослободување од двојанта зависност од очила, и за близина и за далечина, е имплантацијата на мултифокалните интраокуларни леќи. Со тоа на пациентот во тоа старосно доба ќе му се обезбеди квалитет на видот кој што го има со акомодацијата (имитација на акомодација). Интраокуларните леќи за корекција на виоката кратковидост и високата далекувидост се користат многу долго. Денес имаме и факен торичен интраокуларен имплант кој што овозможува да се корегираат двете грешки- и високата сферична и астигматичната грешка (до околу 7 D цилиндри).

Toа се леќи со совршен дизајн и материјал, во целост прилагоден на окото, и немаат многу сличности со леќите кои се користеле во минатото. Факните интраокуларни леќи добро се поднесуваат, пациентот брзо се адаптира, а постоперативниот одговор е одличен. Долгогодишната успешна употреба во нашата пракса покажа надминување на зададената посакувана видна острина. Некорегираната постигната видна острина е подобра од најдобро корегираната предоперативна видна острина за околу 1-2 реда повеќе. Тоа се поклопува и со објавените светски резултати. Важната почетна претпоставка без која нема смисол ни да се размислува за квалитативна рефрактивна хирургија е уметноста и усовршеноста на хируршката техника, искуството на хирургот во изведувањето на таа престижна хирургија, и секако одговарачкиот избор на пациентот во согласност со званично усвоените ставови. За посебна група на луѓе во презбиопното доба (без акомодација) со комбинирани сферични и висока астигматична рефрактивна грешка со или без катаракта, постојат шанси за комплетна корекција на комбинираната рефрактивна грешка со хируршка замена на леќи и имплантација на торичната интраокуларна леќа во задната комора. Заднокоморната торична леќа (PC toric) има специјален дизајн изработен спрема специфичните параметри на секое поединечно око!!!

Сето ова значи дека фокусот на болницата СВЕТИ ВИД е на ниво на светските достигнување во офталмологијата.

VIDEO PRILOZI
  • ЛИЧНА КАРТА  На Специјалната Болница СВЕТИ ВИД

    ЛИЧНА КАРТА На Специјалната
    Болница СВЕТИ ВИД

    Болницата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр.27, во близина на Плоштадот на Републиката и Народниот театар.
    +381 (11) 328 37 37
    +381 (11) 328 33 87

    ЗА БОЛНИЦАТА...+

  • Милано 2013. год.

    Hаграда во светот за операција на бинокуларна катаракта

    НАГРАДИ...+

  • ПРВА НАГРАДА ВО СВЕТОТ НА
    БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД

    на хирургијата и придонес за развој на современата офталмологија

    НАГРАДИ...+

  • Приказни на пациентите

    Приказни на пациентите

    Најважното нешто во работата која ја работиме се нашите задоволни пациенти. Oва се само некои приказни од многуте документи за судбинскиот пресврт во животот на овие луѓе кој им го донесе Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

    Видео...+

  • Детска офталмологија

    Детска офталмологија

    Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка.

    Детска офталмологија...+