Dobračina 27 - Beograd
Upozoravamo javnost da postoje pokušaji zloupotrebe…
imena SVETOG VIDA lažnim predstavljanjem od strane drugih ustanova…
Adresa SVETOG VIDA je isključivo Dobračina 27 u Beogradu!

Keратоконус

Keратоконус и вмрежување на колагенот во рожницата /CCL/ цел на процедурата

Постигнување на биомеханичка стабилизација на рожницата и стопирање на напредувањето на болеста. Тоа е терапевтска процедура за состојбата на окото со прогресивно истенчување и размекнување на рожницата/екстазија/ со цел зајакнување на механичката и биохемиската стабилност на рожницата со поттикнување на создавање на дополнителни хемиски врски во внатрешноста на корнеалната строма по пат на строго локализирана фотополимеризација и со максимална заштита на околното ткиво. Името КОРНЕАЛНА ЕКТАЗИЈА се однесува на корнеални пореметувања на рожницата за кои се карактеристични слабоста на структурата и истенчувањето на рожницата кои што доведуваат до протрузии, тнр. конус и неправилен астигматизам. Промените се прогресивни и се движат од намалување на видната острина и неподнесувањето на контактните леќи се до целосното неподнесување на леќи и неможноста пациентот да им се прилагоди и да ги носи, како и неможноста леќата „да остане во окото“.

Во крајниот стадиум при истенчувањето на рожницата постои опасност од перфорација на рожницата и трансплантацијата на рожницата станува неопходна. Најчести вродени ектазии се кератоконус и пелусидна маргинална дегенерација, а стекнати пост- LASIK eктазии, постинфламаторни, булозна кератопатија и други состојби на размекнување на рожницата. Општ именител за сите ектазии е намалената биомеханичка сила поради слабеењето на интерфибрилните врски. Новиот пристап на лекувањето на тие состојби, ВМРЕЖУВАЊЕ НА КОЛАГЕН ВО РОЖНИЦАТА /CCL/ фокусиран е на добро познатиот патоген механизам, за да би можела, со јакнењето на структурата на рожницата и нејзината „стабилизација“ да се спречи потребата за трансплантација на рожницата. Процедурата се состои во хомогено просветлување на ткивото на рожницата /UVA 370nm/ натопен со раствор од рибофлавин/ витамин Б2/ во траење од 30 минути со што започнуваат хемиските механизми за јакнење на новите ковалентни врски помеѓу ковалентните фибрили /зголемување на биомеханичка сила/.

Процедурата е безболна и безбедна. Ефектот е локализиран на предниот дел од рожниицата. Двете цели во лекувањето на корнеалната ектазија се следниве:

  • реставрација на видната острина која подоцна се постигнува со помош на GP контактни леќи;
  • реставрација на структурниот интегритет на рожницата со вмрежување на колагенот во рожницата /CCL/.

Запазено е следново:

  • стопирање на напредувањето на ектазија,
  • намалување на регресија
  • подобрување на толеранцијата кон контактните леќи,
  • намалување на астигматизам,
  • подобрување на некорегираната видна оштрина
  • намалување на веројатноста за трансплантација на рожницата.

ИНДИКАЦИИ:

Eктазии на рожницата, вродени и стекнати- кератоконус, плеусидна маргинална дегенерација, јатрогена кераектазија /пост-LASIK, псеудофакна кератопатија по незадоволителната хирургија на катаракта/ со прогноза за трансплантација на рожница. Процедурата се препорачува во раните стадиуми кога пахиметриската вредност е поголема од 400 микрони дебелина на рожницата. Клиничката примена на таа процедура почнала 1998. година /Др. Teo Сеилер, др. мед./. за време на процедурата нема влијание на интраокуларниот притисок. На програмот за носење на ГП контактни леќи се чека најмалку 2 месеца по CCL затоа што тој следи по реепителизацијата и зараснувањето на рожницата.

VIDEO PRILOZI
  • ЛИЧНА КАРТА  На Специјалната Болница СВЕТИ ВИД

    ЛИЧНА КАРТА На Специјалната
    Болница СВЕТИ ВИД

    Болницата е сместена во самиот центар на Белград, во Добрачина улица бр.27, во близина на Плоштадот на Републиката и Народниот театар.
    +381 (11) 328 37 37
    +381 (11) 328 33 87

    ЗА БОЛНИЦАТА...+

  • Милано 2013. год.

    Hаграда во светот за операција на бинокуларна катаракта

    НАГРАДИ...+

  • ПРВА НАГРАДА ВО СВЕТОТ НА
    БОЛНИЦАТА СВЕТИ ВИД

    на хирургијата и придонес за развој на современата офталмологија

    НАГРАДИ...+

  • Приказни на пациентите

    Приказни на пациентите

    Најважното нешто во работата која ја работиме се нашите задоволни пациенти. Oва се само некои приказни од многуте документи за судбинскиот пресврт во животот на овие луѓе кој им го донесе Специјалната болница СВЕТИ ВИД.

    Видео...+

  • Детска офталмологија

    Детска офталмологија

    Професор по офталмологија и директор на детската офталмолошка клиника при Масариковиот Универзитет, Брно, Чешка.

    Детска офталмологија...+